| Macedonian
Дневен блиц за 14.10.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневен блиц за 14.10.2026
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за среда 14 Октомври.

Русија започна голем напад врз енергетската инфраструктура на Украина, ЕУ отвори два преговарачки кластери со Киев, црногорците со визи ќе патуваат во Русија. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за среда 14 Октомври.

Русија започна голем напад врз енергетската инфраструктура на Украина

Руските сили денеска започнаа масовен напад врз објектите за комуникација и енергетска инфраструктура во Украина, објави новинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди нападот, истакнувајќи дека Украина го поддржува енергетскиот прекин на огнот, додека Русија продолжува да ја напаѓа енергетската инфраструктура.

ЕУ отвори два нови преговарачки кластери со Украина на патот кон членството во унијата

Европската Унија во вчера ги отвори преговорите за пристапување со Украина во рамките на кластерите за внатрешен пазар и конкурентност и инклузивен раст, што е нов чекор кон членството на земјата во ЕУ.

Кластерите опфаќаат слободно движење на стоки, услуги, работници и капитал, конкуренција, оданочување, вработување, образование, дигитална трансформација, индустрија и економска и монетарна политика.

Омер Болат повика на поблиски односи меѓу Туркије и ЕУ за економска сигурност

Туркије и Европската Унија мора да дејствуваат со заедничко разбирање за конкурентноста и економската безбедност во услови на глобални трговски турбуленции, изјави турскиот министер за трговија Омер Болат.

На Бизнис самитот Туркије-ЕУ во Брисел, Болат истакнал дека билатералната трговија што надминува 233 милијарди долари и европскиот капитал, кој сочинува приближно 70 отсто од странските директни инвестиции во Туркије, ја покажуваат длабочината на нивното економско партнерство и меѓусебната зависност.

Аксиос: Трамп и Нетанјаху разговараат за нови напади врз Иран пред изборите во САД и Израел

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговарале за започнување нов голем удар врз Иран пред претстојните избори во двете земји, објави вчера Aксиос.

Повикувајќи се на двајца американски функционери и други извори запознаени со ова прашање, извештајот вели дека разговорите се одржале пред Трамп јавно да изјави дека нема да го нападне Иран пред ноемвриските избори за Конгресот на САД.

Захарова: На црногорските граѓани ќе им требаат визи за патување во Русија

Црногорските граѓани ќе мора да добијат визи за патување во Русија откако Подгорица ќе воведе визен режим за руските граѓани на 1 ноември, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, оценувајќи дека одлуката ќе им наштети на црногорските економски интереси, објавија денеска регионалните медиуми.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.

 

 

 

Слушни повеќе
Дневен блиц за 13.10.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите