Нов напад со дронови врз бродови во близина на Бугарија, претседателката на Европската комисија ги осуди нападите, Црна Гора затвори три преговарачки поглавја со ЕУ. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за вторник 13 Октомври.
Нов напад со беспилотни летала врз бродови во близина на Бугарија
Бугарскиот премиер Румен Радев објави денеска дека два брода во Црното Море биле погодени од беспилотни летала, од кои едниот потонал. Инцидентот наводно се случил во текот на ноќта на околу 24 километри од бугарскиот брег.
Радев не даде дополнителни информации за потеклото на бродовите или каков товар носеле. Тој исто така не прецизираше од каде би можеле да дошле беспилотните летала.
Фон дер Лајен ги осуди нападите со дронови кај Бугарија
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги осуди нападите со беспилотни летала врз трговски бродови покрај бугарскиот брег на Црното Море денеска, предупредувајќи дека областа станува нова жариште во ескалацијата на војната на Русија против Украина.
Црна Гора затвори уште три поглавја во преговорите со ЕУ
Црна Гора вчера затвори уште три преговарачки поглавја во процесот на пристапување кон Европската Унија (ЕУ), со што вкупниот број на затворени поглавја се искачи на 21.
Станува збор за поглавјата 17 - Економска и монетарна политика, 18 - Статистика и 19 - Социјална политика и вработување, кои беа затворени на Меѓувладината конференција во Луксембург.
Трамп не верува оти Кина и Русија му помагаат на Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не верува оти Кина и Русија му помагаат на Иран, наведувајќи дека двете земји имаат премногу да загубат доколку го сторат тоа.
Одговарајќи на коментарите дека Пекинг и Москва му помагаат на Техеран, Трамп на својата платформа „Трут соушал“ напиша: „Ако го прават тоа, тогаш е на многу ниско ниво, но воопшто не верувам дека го прават“.
„Имаат премногу да загубат, а ние би дознале за тоа, и тоа многу брзо!“, додаде тој.
Туркије го повика Израел да ги запре непромислените напади во Сирија
Претставникот на Туркије во Обединетите нации (ОН) го повика Израел да ги прекине своите „непромислени постапки“ во Сирија и целосно да го почитува Договорот за раздвојување на силите од 1974 година.
„Трајната стабилност е од суштинско значење за Сирија да ја обнови својата економија, да привлече инвестиции и да учествува во регионалните енергетски и инфраструктурни проекти за поврзување“, изјави постојаниот претставник на Туркије во Обединетите нации, Ахмет Јилдиз, на вчерашната седница на Советот за безбедност на ОН.
Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.
