Доналд Трамп го паузира „Проектот слобода“ за можен договор со Иран, додека Кина и Иран најавуваат посилна соработка. Педро Санчез повикува на заштита на меѓународните институции, Туркије ја зајакнува сајбер-безбедноста. Либан отвора прашање за границата со Сирија.
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е среда 6 мај
Трамп го паузира Проектот слобода во Ормускиот теснец поради напредокот во разговорите со Иран
Претседателот Доналд Трамп изјави дека ќе го паузира обидот да им помогне на заглавените бродови да излезат од Ормускиот Теснец за да види дали САД можат да постигнат договор со Иран за прекин на војната. „Проектот Слобода ќе биде паузиран за краток временски период за да се види дали договорот може да се финализира и потпише“, рече Трамп во објава на социјалните мрежи во вторникот. Напорите за прекин на иранската контрола врз водниот пат започнаа во понеделникот.
Арагчи во Пекинг: Иран и Кина сакаат да ја зајакнат соработката и да го стабилизираат Блискиот Исток
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, се сретна со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во Пекинг, каде што двете страни изјавија дека сакаат да ја зајакнат билатералната соработка и да ја стабилизираат ситуацијата на Блискиот Исток. Во таа прилика, Ванг оценил дека „воените активности на Соединетите Американски Држави и Израел против Иран се нелегитимни“, нагласувајќи дека воспоставувањето целосен прекин на огнот е клучот за смирување на тензиите, објави иранската новинска агенција Тасним.
Шпанија ја повика ЕУ да ја заштити независноста на МКС и ОН за ставање крај на геноцидот во Газа
Шпанскиот премиер денеска ја повика Европската комисија да преземе чекори за заштита на независноста на Меѓународниот кривичен суд и ОН, како и нивните активности за ставање крај на геноцидот во Газа. „Бараме од Комисијата да го активира Инструментот против принуда, за да ја заштити независноста на Меѓународниот кривичен суд и Обединетите нации и нивните активности за ставање крај на геноцидот во Газа“, објави Педро Санчез на американската компанија за социјални медиуми X.
Туркије поставува сеопфатен план за сајбер безбедност за заштита на критичните сектори
Туркије објави серија конкретни чекори за зајакнување на својата национална рамка за сајбер безбедност, по состанокот на високо ниво на Советот за сајбер безбедност, под претседателство на претседателот Реџеп Таип Ердоган вчера. Официјалните лица нагласија дека сајбер безбедноста сега е составен дел од националната безбедност, со планови за изградба на попроактивен и поотпорен систем за заштита на дигиталните средства на земјата.
И за крај на денешниот блиц…
Претседателот на Либан дискутира за француската иницијатива за демаркација на границата со Сирија
Либанскиот претседател Жозеф Аун разговараше за француската иницијатива насочена кон помагање во демаркацијата на копнената граница меѓу Либан и Сирија за време на состанокот со началникот на кабинетот на француското претседателство, Винсент Жиру. Во соопштението на претседателството се вели дека разговорите во вторник во Бејрут ги опфатиле либанско-сириските односи и француската иницијатива за помош во демаркацијата на границата врз основа на мапи и документи што ги поседува Франција од периодот на мандатот.
Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com
