САД и Иран склучија меморандум за разбирање кој ќе се потпише во Швајцарија, Украина погоди рафинерија за нафта во Москва. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за четврток 18 јуни.
Шарив: Склучен е Меморандумот меѓу САД и Иран, а ќе се потпише во Швајцарија
Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф објави дека Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран за прекин на војната е електронски потпишан, додавајќи дека официјалната церемонија на потпишување ќе се одржи утре во Швајцарија.
Шариф му се заблагодари на Катар за поддршката како кoпосредник и ги пофали Саудиска Арабија, Туркије и Египет за „нивната незаменлива улога и непроценлив придонес во овој поглед“.
Фидан: Договорот меѓу САД и Иран зависи од решавањето на техничките прашања
Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, изјави дека САД и Иран постигнале начелен договор за клучните прашања, но техничките детали сè уште не се усогласени, посочувајќи дека меѓу нив се статусот на иранскиот збогатен ураниум и спроведувањето на идниот мораториум за збогатување.
Украина погоди рафинерија за нафта во Москва во напад со дронови
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека рускиот главен град е под еден од најголемите напади со украински беспилотни летала.
„Во нападот погодена е рафинерија за нафта. Силите за противвоздушна одбрана продолжуваат да го одбиваат нападот од големи размери”, напиша Собјанин на Телеграм.
Руте: НАТО влегува во фаза на имплементација пред самитот во Анкара
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави денеска дека алијансата влегува во фаза на имплементација пред самитот следниот месец во Анкара.
Руте истакна дека се очекува Европа и Канада да потрошат повеќе од 90 милијарди долари дополнителни за одбрана споредено со 2025 година. И дека поддршката за Украина ќе остане централна тема и на состанокот во Брисел и на самитот во Анкара.
Одговарајќи на прашањата за одлуката на Вашингтон да намали дел од својот придонес во моделот на сили на НАТО, Руте рече дека потегот се однесува на механизам за планирање, а не на способноста на алијансата да реагира во криза.
Филипинскиот претседател Маркос го покани Путин на самитот за Источна Азија во Манила
Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос помладиот го покани рускиот претседател Владимир Путин да присуствува на 21-от самит за Источна Азија, што ќе се одржи во Манила оваа година.
Маркос ја упати поканата за време на билатералната средба со Путин во Казан, Русија, вчера навечер, каде се одржува самит по повод 35 години односи меѓу Русија и АСЕАН.
Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.
