Џ.Д. Венс го одложи патувањето за Швајцарија, Трамп го смета меморандумот за безусловна капитулација на Иран, Франција го повика Израел да го почитува примирјето во Либан. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за петок 19 јуни.
Одложено патувањето на Џ.Д. Венс во Швајцарија за разговорите со Иран
Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс нема да замине за Швајцарија, бидејќи логистичките детали за очекуваните технички разговори со Иран остануваат нерешени, соопшти Белата куќа.
Се очекуваше Венс да отпатува во Швајцарија како дел од напорите за унапредување на разговорите поврзани со Иран. Според меморандумот, Вашингтон и Техеран треба да одржат преговори што ќе траат 60 дена, со можност за продолжување, со цел постигнување конечен договор.
Трамп: Меморандумот е веројатно безусловна капитулација на Техеран
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не постојат „никакви ограничувања“ за неговите претседателски овластувања по завршувањето на војната меѓу САД и Иран, нагласувајќи дека ја имаат „најмоќната војска во светот“.
Тој смета дека Меморандумот за разбирање, што неделава го потпишаа САД и Иран, всушност најверојатно претставува „безусловна капитулација“ – каква што првично бараше од Техеран.
Најмалку 16 убиени во Либан од полноќни израелски напади и покрај прекинот на огнот
Во израелски бомбардирања и артилериски напади врз градот Набатија и околните градови во јужен Либан загинаа најмалку 16 лица, а повеќе други се повредени, објави либанската Национална новинска агенција (ННА).
Ова се случува и покрај тоа што САД и Иран го потпишаа „Меморандумот за разбирање од Исламабад“, чија цел е да се стави крај на војната што ја започнаа САД и Израел против Иран на 28 февруари и да се запрат израелските напади врз Либан.
Франција го повика Израел да го почитува примирјето во Либан и ги повика САД да извршат притисок
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро денеска изјави дека Израел мора да ги почитува своите обврски согласно прекинот на огнот во Либан и ги повика САД да извршат секаков потребен притисок за да се обезбеди неговото спроведување.
Тој рече дека приоритет сега е да се обезбеди целосно спроведување на последните чекори од договорот, вклучително и мерките поврзани со гаранциите за регионална стабилност и безбедност.
Средба Руте-Трамп следната недела во САД
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ќе ги посети Соединетите Американски Држави од 23 до 25 јуни.
Како што е наведено на веб-страницата на НАТО, Руте ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, како и со високи претставници на администрацијата, во Белата куќа на 24 јуни.
Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.
