Косово ја избра Јустина Широка Пула за нова претседателка, а Спејс Екс на Илон Маск ќе инвестира 40 милијарди долари во напредни чипови
Слушате Дневни блиц вести, денес сме среда 7 октомври
Јустина Широка Пула избрана за претседателка на Косово
Јустина Широка Пула е избрана за нова претседателка на Косово, како компромисен предлог од премиерот Албин Курти, за да се обезбеди потребното мнозинство бидејќи рокот за гласањето истекуваше на полноќ. Во компромисот со ПДК беше изгласана и измената на законот за специјализираниот суд на Косово.
Русија до СЗО: Нема случај на заразување од чума во Сибир
Руските власти ѝ соопштија на Светската здравствена организација (СЗО) дека нема регистрирани случаи на чума во сибирскиот град Иркутск, откако минатата недела почина вработена во Институтот за истражување на чума и дека не дошло до лабораториски инцидент.
ММФ предупреди на енергетските шокови и побарувачката за ВИ
Глобалната економија се соочува со силен притисок од шоковите во снабдувањето со енергија и рапидниот развој на вештачката интелигенција (ВИ), рече Кристалина Георгиева директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Таа ги повика државите на фискална консолидација поради рапидното зголемување на глобалниот јавен долг.
Хутите тврдат дека нападнале саудиски аеродроми и воени бази
Милитантната јеменска група Хути тврди дека извршила серија напади со беспилотни летала и балистички ракети врз аеродроми и воени објекти во Саудиска Арабија. Нападите биле насочени кон Меѓународните аеродроми „Крал Калид“ во Ријад, и „Абха“, воздухопловната база „Хамис Мушаит“, и три воени кампови.
И за крај на денешниот блиц…
СпејсЕкс ќе инвестира 40 милијарди долари за чипови од Нвидиа
Вселенскиот стартап СпејсЕкс планира да собере околу 40 милијарди долари од инвеститори кои ќе ги вложи во напредни чипови за развој на вештачка интелигенција од Нвидиа, што ќе и даде на компанијата зголемена шанса за конкурентност и иновации.
Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи
