| Macedonian
Дневен блиц за 19.05.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневен блиц за 19.05.2026
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за вторник 19 Мај.

Израелската армија заплени бродови од флотилата што се движе ше кон Газа, тројца убиени во пукотница во Исламскит центар во Сан Диего, САД го одложија планираниот напад врз Иран. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за вторник 19 Мај.

Израелската армија заплени повеќе од 40 бродови од флотилата „Глобал Сумуд“ што се движеше кон Газа

Израелската армија денеска според израелските медуми заплени повеќе од 40 од 54 бродови што учествуваа во флотилата „Глобал Сумуд“ што се движеше кон Газа.

Војската, исто така, привела околу 300 активисти, објави израелската новинска веб-страница „Вала“, повикувајќи се на неименуван безбедносен извор.

Израелскиот министер Бен-Гвир го критикува МКС и вети ескалација против Палестинците

Крајнодесничарскиот израелски министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, го нападна Меѓународниот кривичен суд доцна вчера и вети дека ќе продолжи со ескалацијата против Палестинците откако дел од медиумите објавија дека судот размислува да издаде меѓународна потерница против него за воени злосторства и злосторства против човештвото против Палестинците на окупираниот Западен Брег.

Тројца убиени во Исламскиот центар во Сан Диего, застрелани и двајцата напаѓачи

Пет лица, меѓу кои и двајца осомничени вооружени лица, беа убиени во пукотница во Исламскиот центар во Сан Диего, соопштија властите.

„Она што го знаеме во овој момент е дека имаме тројца починати возрасни мажи“, рече началникот на полицијата во Сан Диего, Скот Вал, осврнувајќи се на трите жртви, додавајќи дека дваете наводни вооружени лица се исто така убиени.

Путин: Пријателството на Русија и Кина не е насочено против никого

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека односите меѓу Москва и Пекинг достигнале „невидено ниво“ и нагласи денеска дека пријателството меѓу двете земји „не е насочено против никого“ пред неговата посета на Кина, според изјавите објавени во вторник од руската државна новинска агенција ТАСС.

Во видео обраќање објавено пред неговото патување во Пекинг, Путин рече дека Русија и Кина се посветени на проширување на соработката во политиката, економијата, одбраната и хуманитарната размена.

Трамп: САД го одложија планираниот напад врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави вчера дека САД го одложиле воениот напад врз Иран планиран за денеска по директните апели од лидерите на Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Трамп рече дека, од „почит“ кон лидерите од Заливот, им наложил на министерот за одбрана Пит Хегсет, началникот на Здружениот штаб на вооружените сили, генерал Даниел Кејн, и на американските воени команданти засега да се откажат од планираната операција.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.

Слушни повеќе
Дневен блиц за 22.05.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите