Франција го потврди првиот случај на хантавирус, а Иран го одби предлогот на Трамп
Слушате Дневни блиц вести, денес сме понеделник 11 април
Франција го потврди првиот случај на хантавирус
Француските здравствени власти го потврдија првиот случај на хантавирус кај пациентка која патувала на крузерот Хондиус. Таа развила симптоми на летот од Канарските острови во Шпанија каде беше укотвен крузерот до аеродром во близина на Париз. Нејзината состојба е влошена, а останатите француски патници се ставени во изолација.
Потврдена посетата на Трамп на Кина по пауза од 9 години
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе престојува во официјална посета на Кина од 13 до 15 мај, на покана на кинескиот претседател Си Џинпинг. Се очекува во фокусот на разговорите да биде токму конфликтот на Блискиот Исток како една од клучните теми. Претходно Бајден во неговиот мандат не ја посети Кина ниту еднаш.
Кина го лансираше товарниот вселенски брод Тианжу-10
Кина го лансираше товарниот вселенски брод „Тианжу-10“ кој ќе достави залихи до вселенска станица „Тиангонг“ што орбитира околу Земјата. Леталото е лансирано со ракетата „Долг марш-7“ од лансирната станица Венчанг на островот Хаинан.
Израелски воен наредник убиен во борби на границата со Либан
Израелската војска објави дека еден наредник е убиен за време на борбени операции во близина на либанската граница. Војникот загинал во воена операција која била нападната со дронови натоварени со експлозив лансирани од Хезболах.
И за крај на денешниот блиц…
Иран ќе бара компензација од САД и го одби планот на Трамп
Иран го одби предлогот за прекин на војната на американскиот претседател Трамп оценувајќи го како потчинување на барањата на САД и испрати свој контрапредлог. Во него Иран бара компензација од САД за досегашните штети од војната и го нагласи целосниот суверенитет над Ормутскиот Теснец.
Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи
