Трамп размислува за нови напади врз Иран, а австралиските патници од крузерот со хантавирус се стабилни
Слушате Дневни блиц вести, денес сме вторник 12 мај
Трамп фрустриран од разговорите со Иран размислува за нови напади
Претседателот Трамп е сè повеќе фрустриран од начинот на кој Иран ги води преговорите и посериозно размислува за продолжување на воените напади кои беа прекинати од април, и рече дека одговорот на Иран за американскиот мировен предлог е целосно неприфатлив.
Ирански функционери и субјекти под нови австралиски санкции
Австралија објави нови финансиски санкции и забрани за влез во земјата за неколку ирански поединци и субјекти, обвинувајќи ги за вмешаност во прекршувањата на човековите права и поврзани активности. Засега нема официјална реакција од Техеран.
Шест луѓе убиени во израелски воздушен напад врз Либан
Во ноќните израелски воздушни напади насочени кон населена куќа во јужниот либански град Кафар Дунин загинаа најмалку шест лица, а седум други беа повредени. Ранетите се однесени во болници во Тир, потврдија државните власти.
24% Американци веруваат дека третиот обид за атентат врз Трамп е исцениран
Секој четврти Американец верува дека пукањето во април на вечерата на дописниците од Белата куќа било исценеирано, откри новата анкета на „Њузгард“. Против вооружениот напаѓач Кол Томас Ален е покренато обвинение за атентат, а Белата куќа остро ги критикуваше резултатите од анкетата.
И за крај на денешниот блиц…
Австралија: Нашите патници од крузерот со хантавирус се во добра состојба
Австралија соопшти дека сите шест патници од крузерот на кој се појави хантавирус се во добра здравствена состојба и дека ќе бидат сместени во карантин по нивното враќање дома. Потврдено е дека епидемијата избила од сојот „Андес“ кој е единствен што се пренесува од човек на човек.
Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи
