| Macedonian
Дневни блиц вести 13.07.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 13.07.2026
Слушате Дневни блиц вести, денес сме понеделник 13 јули

САД и Иран разменија нова серија напади, а ЕУ воведува нови санкции врз Русија 

ЦЕНТКОМ: САД завршија нов бран напади врз Иран

САД завршија нов бран офанзивни напади врз Иран, чија цел биле десетици воени локации во обид да ја намалат способноста на Иран да продолжи да го напаѓа меѓународниот превоз преку Ормускиот Теснец, според Централната команда на Соединетите Американски Држави.

Иран: Погодени американскои воени објекти во Бахреин и Оман 

Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека ги таргетирала американските воени објекти во Бахреин и радарските системи во соседен Оман. Најновите тврдења дојдоа во време на ескалација на воените размени меѓу Иран и САД по нападите врз комерцијални бродови во Ормутскиот Теснец. 

Европската Унија ќе разговара за нови санкции против Русија

Министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел ќе разговараат за нов пакет санкции против Русија, војната во Украина и низа меѓународни безбедносни прашања, изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ Каја Калас. Предложените листи со санкции се „реакција на неодамнешните напади на Русија врз цивилни цели“.  

Сменета украинската премиерка, Зеленски најави реконструкција

Украинската премиерка Јулија Свириденко поднесе оставка денеска, откако претседателот Владимир Зеленски започна голема владина реконструкција. Претседателот соопшти дека ќе следат смени и кај раководителите на агенциите за спроведување на законот. 

И за крај на денешниот блиц…

Растат цените на нафтата по обновениот конфликт САД-Иран

Цените на суровата нафта Брент пораснаа за околу 5% откако обновените напади на САД и Иран ја зголемија загриженоста во врска со транспортот и снабдувањето со енергенси преку Ормускиот Теснец. Меѓународната референтна цена се искачи на околу 80 долари за барел по обновениот конфликт. 

Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи


Слушни повеќе
Дневни блиц вести 14.07.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите