| Macedonian
Дневен блиц за 18.11.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневен блиц за 18.11.2026
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за среда 18 Ноември.

Еди Рама смета дека Бугарите треба да бидат дел од македонскиот Устав, најавена средба Си Џинпинг – Путин – Трамп во Кина, Туркије објави стапување во сила на договорот за слободна трговија со Украина. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за среда 18 Ноември.

Рама: Бугарите треба да бидат внесени во Уставот на Северна Македонија

Aлбанскиот премиер Еди Рама смета дека Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав, оценувајќи дека нема причина за несогласувања со Бугарија околу ова прашање. Во интервју за Бугарската национална телевизија (БНТ), Рама истакна дека внесувањето на бугарското малцинство во македонскиот Устав произлегува од договорот меѓу Скопје и Софија, постигнат со француско посредништво.

Утре средба Си Џинпнг – Трамп – Путин во Шенжен

Претседателите на Кина, Русија и САД утре ќе разговараат за „прашања поврзани со глобалниот мир“, соопшти Пекинг денеска во пресрет на нивната средба на која домаќин ќе биде Си Џинпинг. Тој ќе ги пречека Доналд Трамп и Владимир Путин на трилатерален самит – прв од ваков вид, во Шенжен.

Туркије објави стапување во сила на договорот за слободна трговија со Украина

Туркије официјално ги објави датумите на стапување во сила на пет меѓународни договори во кои се вклучени Украина, Европската комисија, Обединетите нации и Катар, се наведува во одлуката на претседателот објавена во Службен весник.

Според одлуката потпишана од претседателот Реџеп Таип Ердоган, Договорот за слободна трговија меѓу Туркије и Украина, потпишан во Киев на 3 февруари 2022 година, стапи на сила на 1 октомври 2026 година.

Франција: Не сме соучесници во војната во Украина

Франција не е соучесник во војната во руско-украинскиот конфликт и нема намера да стане тоа, изјави министерот за надворешни работи Жан-Ноел Баро, отфрлајќи ги руските тврдења дека присуството на француски воен персонал во Украина претставува директно учество во конфликтот.

Неговите изјави уследија откако рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека присуството на француски воен персонал во Украина претставува директна вмешаност во војната, додавајќи дека Москва ги пренела своите загрижености до Париз.

Австралија воведе нови санкции поради проширувањето на населбите на окупираниот Западен Брег

Австралија денеска воведе насочени санкции против три поединци и четири организации вклучени во „незаконско проширување на населбите и кршење на човековите права врз Палестинците“ на окупираниот Западен Брег, изјави министерката за надворешни работи Пени Вонг.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkn.com.

 

 

 

 

 

 

Слушни повеќе
Дневен блиц за 19.11.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите