Трилатерален состанок на претседателите на Кина, САД и Русија, европските лидери, претставници на САД и Зеленски ќе разговараат за завршување на војната во Уркаина. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за четврток 19 ноември.
Трилатерален самит на претседателите на Кина, САД и Русија
Претседателите на Кина, САД и Русија Си Џинпинг, Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се сретнат во рамки на трилатералниот самир во кинескиот град Шенжен. Ќе разговараат за прашања што се однесуваат на глобалниот мир. Како и за трговски и енергетски прашања, глобални конфликти и денуклеаризација. Трилатералниот состанок следува по одделните билатерални состаноци на Трамп со секој од другите двајца лидери.
Трамп: САД и Кина се шпионираат меѓусебно, Вашингтон го прави тоа подобро
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера во пресрет на трилатералниот самит изјави дека САД и Кина вршат шпионажа една против друга, тврдејќи дека Вашингтон е поефикасен во прибирањето разузнавачки податоци отколку Пекинг.
Трамп исто така ја нагласи важноста од одржување на односите со Пекинг, укажувајќи на билатералните економски врски.
Зеленски, европските лидери и претставници на САД ќе дебатираат за завршување на војната во Украина
Американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер се на пат кон Берлин за да се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери за повоените безбедносни гаранции и агендата за претстојните мултилатерални мировни преговори.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц очекува повеќе од 20 лидери на собирот на кој ќе се дискутира за воената помош и дипломатијата за завршување на војната
Ерменскиот премиер вели дека неговата земја нема да се приклучи кон НАТО
Ерменскиот премиер Никол Пашинјан вчера изјави дека неговата земја нема да се приклучи кон НАТО.
Говорејќи на парламентарна седница за прашања и одговори во главниот град Ереван, Пашинјан рече дека не ја потпишал повелбата во која се утврдени клучните принципи на европската безбедност – на самитот на Европската политичка заедница во Даблин – поради тоа што во неа се спомнува НАТО.
Стотици израелски доселеници упаднаа во „Гробот на Јосиф“ во Наблус
Стотици израелски доселеници рано денес упаднаа во „Гробот на Јосиф“ во Наблус, град на окупираниот Западен Брег, за да извршат еврејски верски обреди под заштита на израелските сили, кои беа распоредени во областа и блокираа неколку патишта.
Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.
