САД размислуваат за употреба на „мајката на сите бомби“ против Иран. Осум американски држави го тужат OпенАИ поради ризиците од ЧетГПТ за децата
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е четврток 15 октомври
САД размислуваат за употреба на „мајката на сите бомби“ против Иран
Предложената употреба на бомбата ГБУ-43/Б, односно масивната воздухопловна бомба со експлозивно дејство (МОАБ), најголемата ненуклеарна бомба во американскиот арсенал, би претставувала значителна ескалација на конфликтот со Иран, иако функционерите изразиле сомнеж дали ова оружје би можело да ги постигне воените цели на Вашингтон.
Осум американски држави го тужат OпенАИ поради ризиците од ЧетГПТ за децата
Осум американски држави поднесоа тужби против OпеанАИ во среда, обвинувајќи го за загрозување на децата преку својот четбот ЧетГПТ и за заблуда на родителите за неговата безбедност. Ајова, Канзас, Небраска и Западна Вирџинија ги објавија своите постапки на прес-конференција во среда, додека Арканзас, Аризона, Ајдахо и Монтана поднесоа посебни тужби во своите државни судови.
Белата куќа ја брани прес-секретарката Кејти Закарија поради прашања околу правните акредитиви
Белата куќа ја брани новоназначената прес-секретарка Кејти Закарија поради прашања околу нејзините правни акредитиви. Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја претстави Закарија како адвокат кога го објави нејзиното назначување минатата недела, а таа се опиша и себеси како адвокат. Меѓутоа, кога еден новинар праша во вторникот во која држава го положила правосудниот испит, Закарија одговори стоејќи покрај претседателот: „Кога се преселив во Кина“.
Анталија пречека 14 милиони странски туристи и покрај глобалните предизвици
Од почетокот на 2026 година, Анталија пречекала околу 14 милиони странски туристи, задржувајќи стабилен број на посетители и покрај конфликтите на Блискиот Исток, војната меѓу Русија и Украина и глобалните економски предизвици. Каан Кашиф Кавалоглу, претседател на Здружението на хотелиери и туристички оператори од медитеранскиот регион (AKTOB), изјави дека туристичката сезона била многу успешна, и покрај падот од 5 отсто во бројот на странски гости.
И за крај на денешниот блиц…
Заедничка акција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци
Како резултат на успешна координирана истрага меѓу Министерството за внатрешни работи и Федералното истражно биро на САД (ФБИ), откриен е администраторот на нелегалниот онлајн пазар „OLVX“, преку кој се нуделе украдени лични податоци, пристапни акредитиви и алатки за извршување компјутерски криминал. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до ОЈО Тетово поднесе кривична пријава против Е.А. (20) од Голема Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „компјутерска измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com
