| Macedonian
Дневни блиц вести 07.10.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 07.10.2026
Слушате Дневни блиц вести, денес сме среда 7 октомври

Трамп сака крај на војната со Иран, но не посакува договор со нив, а германскиот извоз бележи пад

Слушате Дневни блиц вести, денес сме среда 7 октомври

Трамп: Војната во Иран ќе заврши наскоро, иако не сакам договор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот специјален пратеник Стив Виткоф „многу добро“ се снаоѓа во преговорите со Иран, но тој не посакува да склучи договор со нив бидејќи ги смета за „пропадната држава“. Трамп на избориот митинг даде и пораки дека војната ќе заврши наскоро, а Иран е целосно поразен. 

Македонската претседателка ги прими акредитивните писма на амбададорот Акташ

Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Туркије, Алпер Акташ. Таа му посака добредојде, и изрази уверување дека во неговиот мандат пријателските односи ќе станат уште подобри.

ТСМЦ со рекордни месечни приходи од над 16 милијарди долари за ВИ чиповите

Тајванската компанија за производство на полупроводници, најголемиот светски производител на чипови објави приход во септември од 16 милијарди долари, што е зголемување од 54,6% во однос на истиот период минатата година. Растот се должи пред се на побарувачката за напредни чипови во развојот на ВИ и дата центри. 

Хутите со новите напади се заканија да го затворат саудискиот воздушен простор

Саудискиот воздушен простор стана место на дејствување за воените операции на Хутите, тврди групата од Јемен, со закана дека целосно ќе го блокира воздушниот сообраќај. Предупредувањето не се однесува на муслиманските свети места во Мека и Медина.

И за крај на денешниот блиц…

Пад на германскиот извоз поради намалени испораки во САД

Германскиот извоз минимално се намали во август во однос на претходниот месец, додека увозот се зголеми, намалувајќи го трговскиот суфицит. Испораките кон САД, најголемата извозна дестинација на Германија во август, се намалија за 6,3% во однос на јули на 13,5 милијарди евра, покажаа најновите статистички податоци.

Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи


Слушни повеќе
Дневни блиц вести 22.10.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите