| Macedonian
Дневни блиц вести 22.09.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 22.09.2026
Слушате Дневни блиц вести, денес сме вторник 22 септември

Светските лидери се собраа во Њујорк за Генералното Собрание на Обединетите Нации, а Зеленски подготвен да ги сопре нападите врз руската енергетска инфаструктура

Слушате Дневни блиц вести, денес сме вторник 22 септември

Ердоган повика на реформа на СБОН и ексклузивното вето

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика на сеопфатна реформа на Советот за безбедност на Обединетите Нации, вклучително и отстранување на екклузивното право на вето на постојаните членки, тврдејќи дека меѓународниот систем мора подобро да ги одразува денешните глобални реалности.

Курти по средбата со Ердоган: Благодарност за постојаната поддршка од Туркије

Косовскиот премиер Албин Курти се состана со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во рамките на Неделата на високо ниво на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Тој се заблагодари за постојаната поддршка на Туркије во сите фази на развој од независноста на Косово и се осврнаа на актуелни теми од регионот. 

Калас: Потребни се повеќе бродови во Црвеното Море за безбеден транспорт

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, ги повика земјите-членки да распоредат дополнителни воени бродови за да помогнат во заштитата на комерцијалниот трнаспорт во Црвеното Море. Европа мора да одговори на зголемените безбедносни ризици по случувањата во Ормуз, Баб ел-Мандеб и Црното Море.

Одборот за мир во Газа ги повтори заложбите пред ГС на ОН

Одборот за мир ги повтори своите клучни цели за Газа, додека светските лидери се собраа во Њујорк за Генералното собрание на ОН, повикувајќи на меѓународна поддршка за унапредување на акцискиот план за завршување на конфликтот и повика на воздржување од постапки кои ќе го нарушат прекинот на огнот.

И за крај на денешниот блиц…

Зеленски:  Украина е подготвена да ги запре нападите врз руските енергетски објекти

Украинскиот претседател Зеленски рече дека моментално е во дијалог со американскиот претседател Доналд Трамп и ги изнесе условите на Киев за запирање на нападите врз руската енергетска инфраструктура. Потребно е Русија исто така да се воздржи од напади врз енергетскиот сектор, критичната инфраструктура и извозот на храна. 

Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 21.09.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите