| Macedonian
Дневни блиц вести 26.10.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 26.10.2026
Слушате Дневни блиц вести, денес сме понеделник 26 октомври

Српските студенти го победија Александар Вучиќ, а комесарката Марта Кос порача дека вратите на ЕУ се отворени

Слушате Дневни блиц вести, денес сме понеделник 26 октомври

Студентската листа убедливо победи на парламентарните избори во Србија

Студентската листа освои апсолутно мнозинство со 139 пратенички мандати, додека листата на Александар Вучиќ, предводник на Српската напредна странка, освои 104 мандати. Вучиќ беше на власт речиси 14 години. Изборите се одржаа по долготрајните протести на студентите по несреќата со уривањето на настрешницата во Нови Сад.

Радомир Саичиќ: Ова е победа на храброста над стравот

Радомир Саичиќ од Студентската листа која прогласи победа во Србија порача дека изборниот исход е „победа на храброста над стравот и на надежта над рамнодушноста“. Тој предупреди дека големата победа носи и огромна одговорност за воспоставување на владеење на правото и реформи на институциите.

Бугарија во втор круг ќе добие претседател по рекордно ниската излезност

Бугарија не избра претседател во првиот круг, бидејќи ниту еден кандидат не освои повеќе од 50 отсто од гласовите. Актуелната претседателка Илијана Јотова освои 34,6 отсто од гласовите, додека поранешниот премиер Андреј Ѓуров и освои 32,7 отсто. Излезноста во првиот круг изнесува 22,5 отсто, а вториот круг е закажан за 1 ноември.

Лула да Силва го победи Болсонаро на претседателските избори во Бразил

Луис Инасио Лула да Силва, е прогласен за победник во вториот круг од претседателските избори во Бразил, обезбедувајќи вкупно четврти мандат по победата над Флавио Болсонаро во неизвесна изборна трка. За социјалистот ова е четврти мандат, додека семејството Болсонаро не успеа да ја врати претседателската функција. 

И за крај на денешниот блиц…

Кос: Драга Србијо, твојот глас се слушна, вратите на ЕУ се отворени

Марта Кос европска комесарка за проширување на ЕУ порача дека по речиси две години протести за демократија, владеење на правото и борба против корупцијата, граѓаните на Србија излегоа на гласање во историски голем број. Таа упати честитки за победата на Студентска листа и порача дека вратите на ЕУ се отворени.

Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 22.10.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите