Македонски и балкански стартапи станаа дел од програмата Bridge2Balkan која забрзано го подигнува нивниот раст преку иновативниот центар Инокс, со менторска поддршка од технолошкиот центар „Дигитал парк технокент“ од Истанбул, академска поддршка од Меѓународниот балкански универзитет ИБУ и инвестициска поддршка од страна на „Би Конектор“ од Туркије.
Целта е стартапите да ја достигнат следната фаза со нивните иновативни технолошки решенија и да го освојат домашниот, регионалниот, а потоа и глобалниот пазар преку искуства и знаење од стартап екосистемот на Туркије.
Замислата е во следните пет години да се создаде првиот македонски стартап во категоријата еднорози, односно стартап компанија која надминала инвестиции од 1 милијарда долари
