| Macedonian
Ви на Балканот: Сè повеќе млади корисници, сè повеќе ризици
02:15
Регион
Ви на Балканот: Сè повеќе млади корисници, сè повеќе ризици
Сѐ повеќе млади користат вештачка интелигенција и во Европската унија и на Балканот. Според податоците на Еуростат, генеративни ВИ алатки користат 60% од младите во ЕУ, најмногу во Грција (83,5%), а најмалку во Романија (44,1%).

Во регионот, во нашата земја ВИ користат 45,4%, 65,4% од младите во Босна и Херцеговина, 58,2% во Хрватска, 50% во Бугарија, додека во Србија ја користат околу 47% од младите. Во истовреме, кај децата на возраст од 9 до 16 години во Србија, дури 88% користат генеративна вештачка интелигенција.

Младите најчесто ја користат за приватни цели, за образование и во помала мера за работа. Експертите предупредуваат на недостиг од регулација и надзор, како и на ризиците од дезинформации до потенцијално опасни совети што може да ги генерира вештачката интелигенција.

Повеќе видеа
Културно богатство – Погледнете каде се чуваат околу 20.000 парчиња од македонски народни носии
Балканска програма за стартапи – За пет години до првиот „еднорог“
Национална работилница: Од пулпа до хартија
Ќе добиеме ли евтин гас и независни енергенси?
Сто години постоење на природно-научниот музеј во Скопје
Ќе се олесни ли пристапот до домување?
Новачани наместо Швајцарија – Фармата на Велче обезбедува егзистенција за целото семејство
Како се раѓа страст за олдтајмери?
Дали летањето станува луксуз?
Дворот на Елена Алексовска е дом на четири штркови