Природонаучниот музеј, основан во 1926 година на иницијатива на д-р Станко Караман, низ едновековното постоење преживеал земјотреси, кризи и трансформации, но останал верен на истата идеја: науката и знаењето да бидат достапни за сите.
Зад витрините на постојаната поставка со 4.000 експонати, во депоата се чуваат дури 330.000 примероци од флората, фауната и геата на Македонија, многу од нив уникатни, ендемични, незабележани од пошироката јавност. Музејот е местото кадешто заедно со идните генерации, го продолжуваат својот живот.
