| Macedonian
Антропик го урна рекордот на Спејс Х, вредноста на јавната понуда достигна 81,3 милијарди долари
Aнтропик претходно најави опсег од 70 до 78 долари за акција, но на берзата излезе со понуда од 83 долар, а истовремено, компанијата за развој на вештачка интелигенција го зголеми бројот на понудени акции од планираните 825 милиони на 980 милиони
Антропик го урна рекордот на Спејс Х, вредноста на јавната понуда достигна 81,3 милијарди долари
Со тоа Антропик ја надмина Спејс X на Илон Маск, која преку сопствена јавна понуда во јуни годинава собра 75 милијарди долари / Reuters (Wire)

Американската компанија Антопик, позната по развојот на вештачката интелигенција Клауд (Claude), ја одреди цената на своите акции на 83 долари пред денешното деби на берзата Насдак (Nasdaq).

Со продажбата на 980 милиони акции, вредноста на јавната понуда достигна 81,3 милијарди долари, овозможувајќи ѝ на Антропик да го надмине претходниот рекорд што го држеше Спејс X.

Вкупната вредност на компанијата, земајќи ги предвид сите постоечки и потенцијални акции, се проценува на приближно 1,5 милијарди долари.

Се очекува тргувањето да започне денес на Насдак под берзанскиот симбол AНТ.

Aнтропик ја одреди цената на акциите над претходно најавениот опсег од 70 до 78 долари. Истовремено, компанијата го зголеми бројот на понудени акции од планираните 825 милиони на 980 милиони.

Со тоа, таа ја надмина компанијата Спејс Х на Илон Маск, која преку сопствена јавна понуда во јуни оваа година собра 75 милијарди долари. Подоцна, по дополнителна продажба на акции, Спејс X ја зголеми таа вкупна сума на 85,7 милијарди долари.

Од 980. милиони акции во понудата на Антропик, приближно 956,4 милиони ги продава самата компанија, додека остатокот го продаваат постоечките акционери. Следствено, нема сите 81,3 милијарди долари да завршат кај Антропик.

Aмазон и Гугл се меѓу најголемите инвеститори во Антропик; нивните поединечни удели, врз основа на цената од јавната понуда, вредат повеќе од 100 милијарди долари.

Гугл, Mајкрософт, Нвидиа и AMД се исто така меѓу технолошките компании кои се согласија да инвестираат во Aнтропик по цената утврдена за јавната понуда.

Вкупната вредност на овие договорени инвестиции изнесува 26 милијарди долари.

Повеќе
Истражување на израелски медиум: Нетанјаху планирал да ги обвини Арапите за „кражба на изборите“
Трамп го пофали „извонредниот личен однос“ со кинескиот претседател Кси
Ерменскиот премиер вели дека неговата земја нема да се приклучи кон НАТО
Стотици израелски доселеници упаднаа во „Гробот на Јосиф“ во Наблус под заштита на армијата
Трамп вели дека САД и Кина се шпионираат меѓусебно, тврди дека Вашингтон го прави тоа подобро
Глобалната иницијатива на Туркије за електрификација ја поддржаа 75 земји на КОП31
Русија соопшти дека железничкиот сообраќај на мостот кон Крим е запрен по нов украински напад
Ердоган: Израел ја претвора Газа во „најголемиот концентрационен логор во светот“
Човиќ: Наскоро ќе се конституираат сите законодавни органи на БиХ
Германија бара САД да има значајна улога во безбедносните гаранции за Украина
Пакистан ја демонстрираше новата суперсонична крстосувачка ракета „Фатах-3“
Иран негира вмешаност во заговорот за атентат кој го разоткрија македонските и грчките служби
Европскта комисија предложи нов заем за Украина до 45 милијарди евра
Ердоган: Масакрите и гладот ​​продолжуваат секојдневно во Газа додека светот само набљудува
Кац: Може да заземеме дополнителни територии во Газа, Либан и Сирија