| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Русија соопшти дека железничкиот сообраќај на мостот кон Крим е запрен по нов украински напад
Раководителот на Крим, поставен од Русија, изјави дека е во тек проценка на штетата на мостот Керч, кој во вторникот беше погоден во украински напад со беспилотни летала, при што, наводно, дошло до делумно уривање
Русија соопшти дека железничкиот сообраќај на мостот кон Крим е запрен по нов украински напад
Русија соопшти дека железничкиот сообраќај на мостот кон Крим е запрен по нов украински напад / АА

Русија денес соопшти дека железничкиот сообраќај преку мостот Керч е привремено запрен по нов украински напад со беспилотни летала – само неколку дена откако претходен напад, наводно, предизвика делумно уривање на коловозниот дел од мостот.

Оваа мерка ја објави руското Министерство за транспорт во соопштение на „Телеграм“, во кое се наведува дека во нападот, кој се случил во текот на ноќта, нема жртви.

„Специјалисти во моментов ја проценуваат штетата“, се додава во соопштението.

Претходно, Сергеј Аксјонов, раководителот на Крим поставен од Русија (која незаконски го анектираше полуостровот во 2014 година), изјави дека мостот, кој ја поврзува копнена Русија со полуостровот, бил погоден во уште еден украински напад.

Наведувајќи дека сите надлежни служби се на терен по нападот, Аксјонов рече дека е во тек проценка на штетата на мостот.

„Дополнителни информации ќе бидат соопштени штом ќе станат достапни“, додаде тој.

Изјавата на Аксјонов доаѓа само два дена откако тој објави дека сообраќајот преку мостот – отворен во 2018 година – е запрен по украинските напади во понеделникот и вторникот. Истражниот комитет на Русија соопшти дека нападите предизвикале структурни оштетувања, но не даде дополнителни детали.

Генералштабот на Украина тврди дека се урнале еден лак и дел од коловозот на мостот, додека железничкиот дел останал стабилен, иако со оштетен лак.

„Ова е резултат на седмата фаза од операцијата што се спроведуваше во текот на неколку недели“, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот на американската социјална мрежа „Икс“ (X), коментирајќи го нападот што се случи претходно оваа недела.

Украинските власти сè уште немаат дадено коментар за изјавите што доаѓаат од Русија.

Нападите се случуваат и во пресрет на долгоочекуваната трилатерална средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп, во рамките на самитот на форумот за Азиско-пацифичка економска соработка.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека руската противвоздушна одбрана во текот на ноќта соборила 53 украински беспилотни летала над 10 региони. Одделно, украинските воздухопловни сили соопштија дека во текот на ноќта собориле 69 од 98 беспилотни летала лансирани од Русија, при што локалните власти известија за жртви во повеќе региони, вклучително и во главниот град Киев.

Повеќе
Истражување на израелски медиум: Нетанјаху планирал да ги обвини Арапите за „кражба на изборите“
Трамп го пофали „извонредниот личен однос“ со кинескиот претседател Кси
Ерменскиот премиер вели дека неговата земја нема да се приклучи кон НАТО
Стотици израелски доселеници упаднаа во „Гробот на Јосиф“ во Наблус под заштита на армијата
Трамп вели дека САД и Кина се шпионираат меѓусебно, тврди дека Вашингтон го прави тоа подобро
Глобалната иницијатива на Туркије за електрификација ја поддржаа 75 земји на КОП31
Русија соопшти дека железничкиот сообраќај на мостот кон Крим е запрен по нов украински напад
Ердоган: Израел ја претвора Газа во „најголемиот концентрационен логор во светот“
Човиќ: Наскоро ќе се конституираат сите законодавни органи на БиХ
Германија бара САД да има значајна улога во безбедносните гаранции за Украина
Пакистан ја демонстрираше новата суперсонична крстосувачка ракета „Фатах-3“
Иран негира вмешаност во заговорот за атентат кој го разоткрија македонските и грчките служби
Европскта комисија предложи нов заем за Украина до 45 милијарди евра
Ердоган: Масакрите и гладот ​​продолжуваат секојдневно во Газа додека светот само набљудува
Кац: Може да заземеме дополнителни територии во Газа, Либан и Сирија