| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Трамп ѝ се заканува на ЕУ поради плановите Канада да стане нејзин придружен член
Ако намерите се добри, во ред, ако се лоши, ќе ѝ воведеме многу високи тарифи на Европа, изјави Трамп откако шефицата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, во среда изјави дека Канада треба да стане првата придружена членка на Унијата
Трамп ѝ се заканува на ЕУ поради плановите Канада да стане нејзин придружен член
Трамп ја нарече можноста Канада да се приклучи на ЕУ смешна и додаде дека Канада била ужасен трговски партнер

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ѝ се закани на Европската Унија со дополнителни тарифи доколку блокот дозволи Канада да стане придружен член.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во среда изјави дека Канада треба да стане првата придружена членка на ЕУ, иако таков статус моментално не постои.

Трамп рече дека таквата идеја може да се смета за непријателски чин и се закани дека ќе воведе тарифи на ЕУ како одговор.

„Ако намерите се добри, во ред. Ако се лоши, ќе ѝ воведеме многу високи тарифи на Европа“.

Тој додаде дека САД би можеле да ја суспендираат трговијата со Европа во одредени области.

Трамп ја нарече можноста Канада да се приклучи на ЕУ смешна и тврдеше дека Канада била ужасен трговски партнер.

Канадскиот премиер, Марк Карни, го поздрави предлогот на ЕУ за многу посилен и поамбициозен сојуз во иднина, се вели во соопштението на неговата канцеларија, без директно да го спомене придружното членство.

Карни претходно оваа недела изјави дека неговата земја сака да изгради уникатен сојуз со ЕУ.

Сепак, статусот на придружен член моментално не постои според договорите на ЕУ. Карни се стреми да ги продлабочи односите со ЕУ, вториот најголем трговски партнер на Канада, откако трговските односи со САД, најголемиот економски партнер на Отава, значително се влошија под водство на Трамп.

Повеќе
Специјалниот суд во Хаг го осуди на 25 години затвор поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи
Фон дер Лајен повика на создавање на Европски совет за безбедност за справување со заканите
Турскиот борбен дрон Акинџи погоди воздушна цел со домашно развиената ракета Сунѓур
Фон дер Лајен ја повика Канада да стане придружна членка на ЕУ
Косово: Засилени безбедносни мерки пред изрекувањето на пресудата за поранешните лидери на ОВК
Климатска агенција на ЕУ: Озонската дупка над Антарктикот поголема од просекот овој месец
Зеленски тврди дека Русија се обидела да го нападне неговиот авион двапати во последните недели
Најмалку девет Палестинци загинале при уривање на оштетена зграда во градот Газа
Кина отвори канал вреден 10,8 милијарди долари, со кој го скратува патот кон југоисточна Азија
Азербејџан: Баку се координира со Анкара за нови проекти за „наредните децении“
Иранските напади предизвикале голема штета на американските бази низ Блискиот Исток
Илјадници работници протестираа низ Франција
Тројца загинати во пад на новински хеликоптер во Лос Анџелес
Саботажа на железничкиот превоз во Холандија, сомнежите се кон земјоделците
Касидијарис од неонацистичката Златна зора пуштен од грчки затвор