| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Специјалниот суд во Хаг го осуди на 25 години затвор поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи
Четворицата поранешни лидери на Ослободителната војска на Косово беа прогласени за виновни за воени злосторства, вклучително и незаконско или произволно апсење и притворање, сурово постапување, тортура и незаконско убиство
Специјалниот суд во Хаг го осуди на 25 години затвор поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи
Судот констатираше дека нема злосторство против човештвото бидејќи не е докажано оти бил извршен широко распространет напад врз цивилното население

Специјализираните совети со седиште во Хаг го осудија поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи на 25 години затвор, исто колку и поранешниот претседател на Собранието, Јакуп Красниќи, другиот поранешен спикер Кадри Весели беше осуден на 18 години затвор, а Реџеп Селими на 13 години затвор.

Поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово (ОВК) беа прогласени за виновни за воени злосторства, вклучително и незаконско или произволно апсење и притворање, сурово постапување, тортура и незаконско убиство.

На денот на изрекувањето на пресудата во Специјализираните совети во Хаг, Судскиот совет констатираше дека Тачи, Весели, Селими и Красниќи биле свесни за значителен број злосторства извршени врз противниците, особено за незаконско апсење и притворање, малтретирање и убиство на тие лица.

Според Судскиот совет, и покрај тоа што биле свесни за овие злосторства, четворицата лидери на ОВК не презеле никакви чекори за нивно спречување, истрага или казнување.

Истовремено Судот констатираше дека не се докажани кривичните дела против човештвото бидејќи Обвинителството не успеало да докаже дека бил извршен широко распространет напад врз цивилното население.

Во текот на постапката Обвинителството нагласуваше дека предметот се однесува на индивидуалната кривична одговорност на обвинетите и дека постапката не претставува гонење на ОВК како организација.

Во официјалниот опис на обвиненијата, Специјализираното обвинителство наведува дека четворицата се обвинети врз основа на нивната индивидуална кривична одговорност.

Над 5.000 докази и 125 сведоци во судската постапка

Тачи, Весели, Красниќи и Селими беа уапсени и се наоѓаат во притвор во Специјализираните совети во Хаг од 2020 година, а судењето против нив започна на 3 април 2023 година, три години по нивното апсење на Косово.

На 4 април 2023 година, вториот ден од судењето, поранешните лидери на ОВК се изјаснија за невини по точките од обвинението поднесено од Специјализираното обвинителство.

Од април 2023 година, во текот на двегодишен период, Обвинителството повика 125 сведоци да сведочат во судницата, некои со глас и слика, а многу други со строги мерки за заштита. Официјалните податоци на Судот наведуваат дека вкупно 134 сведоци сведочеле во судницата, односно 125 ги повикало Обвинителството, двајца застапникот на жртвите и седуммина одбраната.

Исто така, Обвинителството писмено достави уште 131 доказ, без да се вброи големиот број материјални докази, од кои многу биле обезбедени од државните структури на Србија.

Во овој предмет Судскиот совет прифати вкупно 5.467 материјални докази.

Дел од оваа долга постапка беа и меѓународни личности што сведочеа како сведоци на одбраната на Тачи, меѓу кои Џејмс Рубин, поранешен заменик на американската државна секретарка Медлин Олбрајт, како и пензионираниот американски генерал Весли Кларк, кој ја предводеше воздушната кампања на НАТО против српските воени цели во 1999 година.

Одбраните на Весели и Селими се откажаа од ова право, а одбраната на Красниќи како докази достави само неколку писмени сведочења.

Повеќе
Зеленски тврди дека Русија се обидела да го нападне неговиот авион двапати во последните недели
Најмалку девет Палестинци загинале при уривање на оштетена зграда во градот Газа
Кина отвори канал вреден 10,8 милијарди долари, со кој го скратува патот кон југоисточна Азија
Азербејџан: Баку се координира со Анкара за нови проекти за „наредните децении“
Иранските напади предизвикале голема штета на американските бази низ Блискиот Исток
Илјадници работници протестираа низ Франција
Тројца загинати во пад на новински хеликоптер во Лос Анџелес
Саботажа на железничкиот превоз во Холандија, сомнежите се кон земјоделците
Касидијарис од неонацистичката Златна зора пуштен од грчки затвор
Фидан: Што е можно поскоро да се врати предвоениот статус на Ормутскиот Теснец
Кос: Во ЕУ нема место за земји кои величаат воени злосторници
Хрватската опозиција го притиска Пленковиќ за оставка по скандалот со токсичен отпад
Азербејџанскиот претседател Алиев го прими турскиот министер за надворешни работи Фидан
УНИЦЕФ: Борбите во Јемен го попречуваат образованието на над 100 илјади деца
Лавров: Русија е подготвена да ги продолжи преговорите со Украина