| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Божиновска на Евроазискиот економски самит во Истанбул
„Зелената транзиција не може да успее ако создава енергетска сиромаштија и ги продлабочува нееднаквостите. Потребна е транзиција што ќе биде истовремено и одржлива и праведна“, истакна Божиновска.
Божиновска на Евроазискиот економски самит во Истанбул
Божиновска на Евроазискиот економски самит во Истанбул / Other

Во услови на глобални кризи енергетиката повеќе не е само економско прашање, туку прашање на безбедност, стабилност и стратешка отпорност на државите - порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Северна Македонија, Сања Божиновска, во своето обраќање на панелот на тема Energy and Economy in the Post-War World alongside War, Terror, Conflict and Forced Migration на 29. Евроазиски економски самит во Истанбул, Туркије.

„Изолацијата не е стратегија. Соработката е“, рече Божиновска нагласувајќи дека земјата активно работи на диверзификација на енергетските извори, регионално поврзување, инвестиции во обновливи извори и модернизација на енергетската инфраструктура.

Посебен акцент во обраќањето беше ставен на регионалната енергетска поврзаност на Балканот, која, според Божиновска, денес претставува геополитичка неопходност, а не само инфраструктурно прашање.

Министерката нагласи и дека зелената транзиција мора да биде реална, праведна и социјално одговорна, без создавање енергетска сиромаштија и нови економски нееднаквости, особено за земјите во развој и транзиција.

„Зелената транзиција не може да успее ако создава енергетска сиромаштија и ги продлабочува нееднаквостите. Потребна е транзиција што ќе биде истовремено и одржлива и праведна“, истакна Божиновска.

Таа се осврна и на важноста од регионална соработка, стабилни партнерства и забрзана интеграција потенцирајќи дека малите држави не смее да бидат пасивни набљудувачи на глобалните промени, туку активни учесници во нивното обликување.

На панелот заедно со Божиновска учестуваа и актуелни и поранешни министри, европски политички лидери, дипломати и претставници на меѓународни институции од Европа, Азија и Блискиот Исток.

Македонското учество на вакви глобални форуми е од особена важност за позиционирање на државата како активен и кредибилен партнер во меѓународните процеси поврзани со енергетиката, економската стабилност, зелената транзиција и регионалната соработка.

Годинешниот Евроазиски економски самит се одржа со мотото Global Responsibility - The Post-War World with War, Terrorism, Conflict, and Involuntary Migration, а во фокусот на дискусиите беа глобалната енергетска безбедност, новите геополитички односи, климатските предизвици, недостигот на вода и зеленило, како и економските и социјалните последици од светските конфликти и миграции. Самитот во Истанбул собра политички лидери, министри, дипломати, академици, претставници на бизнис-секторот и граѓански организации од повеќе континенти, со цел отворање нов дијалог за поодржлива, постабилна и покооперативна иднина.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Израелските сили убиле 16-годишник во окупираниот Западен Брег
Макрон: Франција во Африка е надмината од Кина, Туркије и САД
Палестина го повикува светот да ја признае Накба како „злосторство на етничко чистење“
ФБИ нуди награда од 200.000 долари за поранешна оперативка која пребегнала во Иран
Извештај на германското разузнавање предизвика контроверзии околу пропалестинските симболи
Си Џинпинг: Поставивме нова визија за односите меѓу Кина и САД
Трамп ја заврши посетата на Кина: Се согласивме дека не сакаме Иран да има нуклеарно оружје
СЗО: Ковид-19 одзеде повеќе од 22 милиони животи низ целиот свет
Најмалку 12 загинати во рускиот напад врз Киев
Политичка криза во Летонија: Премиерката Силина поднесе оставка
Може ли средбата Кси-Трамп во Пекинг да ги стабилизира енергетските и безбедносните шокови во Азија?
Скопје: Првата група аџии тргна кон светите места во Саудиска Арабија
Туркије и Казахстан го зајакнуваат партнерството во одбраната и енергетиката со нови договори
Синхуа: Кси го предупредил Трамп за можен конфликт ако прашањето за Тајван не се реши правилно
Белата куќа: Кси и Трамп се согласија дека Ормускиот Теснец мора да остане отворен