| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Стапи на сила јапонскиот закон за воспоставување алтернативен главен град како резерва за Токио
Алтернативните главни градови треба да обезбедат континуитет на државните функции во случај на катастрофи од големи размери и да ја децентрализираат економската активност надвор од Токио
Стапи на сила јапонскиот закон за воспоставување алтернативен главен град како резерва за Токио
Стапи на сила јапонскиот закон за воспоставување алтернативен главен град како резерва за Токио

Денес стапи на сила новиот јапонски закон за воспоставување алтернативен главен град кој би служел како резерва за Токио.

Законот им овозможува на „префектурите што ги исполнуваат условите да поднесат барање за добивање на тој статус“, објави новинската агенција „Кјодо њуз“.

Ова овозможува континуитет на државните и општествените функции во случај на катастрофа од големи размери, како и децентрализација на економските активности подалеку од главниот градски регион на четвртата најголема економија во светот.

Законот е донесен во време кога партнерот во владејачката коалиција, „Јапонската партија за иновации“ (Japan Innovation Party), се обидува да го претвори Осака – своето главно упориште во западен Јапан – во метропола слична на Токио.

„Се очекува владата во ноември да го објави својот основен пристап кон статусот на втор главен град, како и временската рамка за негово одредување“, се наведува во извештајот.

Властите ќе понудат даночни олеснувања за да ги поттикнат инвестициите во областите што ќе бидат одредени како секундарни главни градови според новиот закон. Законот, исто така, му овозможува на премиерот да одреди резервен главен град врз основа на пријавите поднесени од префектурите.

„Законот не го ограничува бројот на секундарни главни градови на само еден, оставајќи можност за одредување на повеќе префектури“, се додава во извештајот.

Се очекува најмалку четири префектури – Хокаидо на север, Аичи во централен Јапан, како и Осака и Фукуока на југозапад – да поднесат барање за статус на алтернативен главен град.

Минатиот вторник, владата на премиерката Санае Такаичи усвои уредба со која се утврдуваат условите за добивање на овој статус. Меѓу нив е условот префектурата да учествува со најмалку 2,1% во бруто-домашниот производ (БДП) на Јапан и да вклучува град во кој живеат најмалку 1,2% од вкупното население на земјата.

Повеќе
Литванија планира да воведе задолжителен воен рок за сите во 2032 година
Џ.Д. Венс тврди дека Трамп нема да дозволи „вечна“ војна во Иран
Стапи на сила јапонскиот закон за воспоставување алтернативен главен град како резерва за Токио
Лавров присуствува на состанокот на Г20 во Атланта, САД
Турската амбасада во Скопје организираше прием по повод 103-годишнината на Република Туркије
Ердоган: Туркискиот свет ќе се стреми да го направи претстојниот период „Туркиски век“
Државниот завод за статистика потпиша меморандум за соработка со Турскиот институт за статистика
Израел уапси најмалку 13 Палестинци при рации на окупираниот Западен Брег
Се урна хеликоптер на ЕУФОР во близина на Брчко, тројца загинати, 12 се повредени
Трамп: Изборите беа голем срам за народот на Бразил
Дуран: Самитот во Анкара ја одразува посветеноста на туркиските држави на солидарност
Муцунски- Бланар: Словачка е против било какви двојни стандарди при пристапувањето во ЕУ
Туркије ја одбележува 103. годишнина на Републиката со свечености и прослави низ целата земја
Естонија ќе изгради околу 150 бункери во близина на руската граница
13 загинати на железнички перон во Днепар по удар на руски млазен дрон