Во земјите од Балканот беше одбележана 103-годишнината од основањето на Република Турција и 29 Октомври- Денот на Републиката, со свечени приеми организирани од турските претставништва.
103-годишнината од основањето на Република Турција во Северна Македонија беше одбележана со прием организиран од Амбасадата на Туркије во Скопје.
На приемот, организиран во резиденцијата на Амбасадата, присуствуваа претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Собранието, Африм Гаши, министри, пратеници, градоначалници, претставници на политички партии, претставници на институции и организации од Турција и Северна Македонија, како и бројни други гости.
Во своето обраќање, амбасадорот Алпер Акташ истакна дека Северна Македонија и Туркије се пријателски земји и сојузници, заблагодарувајќи им се на присутните за учеството.
Нагласувајќи дека 2026 година е исклучително плодна во однос на билатералните односи меѓу Туркије и Северна Македонија, Акташ рече: „Со нашата заедничка решителност, цврсто сме определени оваа силна соработка да ја подигнеме на уште повисоко ниво“.
Амбасадите на Туркије во Албанија и во Косово исто така организираа свечени приеми во Тирана и во Приштина, а на кои присуствуваа претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, како и претседателката на Косово, Јустина Широка Пуљa, придружувани од бројни министри, пратеници, градоначалници и други преставници на институции и партии.























