| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Владата ги ограничи маржите на ѓубривата заради стабилизација на цените
Највисоката бруто профитна маржа за неорганските ѓубрива се ограничува на 5% во трговијата на големо и 5% во малопродажбата, а са органските, органо-минералните ѓубрива и биостимулаторите, маржата ќе изнесува до 10%, рече министерот Трипуновски
Владата ги ограничи маржите на ѓубривата заради стабилизација на цените
Мерките ќе важат до 31 мај 2026 година и се однесуваат на сите правни и физички лица регистрирани за производство и трговија со ѓубрива / Others

Владата на својата 166-та седница донесе одлука за ограничување на профитните маржи на вештачките ѓубрива, со цел да се спречи растот на цените и да се поддржи домашното земјоделско производство, соопшти министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски.

Со одлуката, највисоката бруто профитна маржа за неорганските ѓубрива се ограничува на 5 проценти во трговијата на големо и 5 отсто во малопродажбата. За органските, органо-минералните ѓубрива и биостимулаторите, маржата ќе изнесува до 10% и во големо и во мало.

Мерките ќе важат до 31 мај 2026 година и се однесуваат на сите правни и физички лица регистрирани за производство и трговија со ѓубрива.

Дополнително, се воведува обврска за континуирано снабдување на пазарот. Трговците на мало ќе мора месечно да обезбедуваат најмалку 70% од просечните набавени количини во 2026 година, додека трговците на големо ќе треба да ги снабдуваат малопродажните објекти со најмалку 70% од просечно продадените количини.

Со втората одлука се предвидува и намалување на продажните цени за 10% за залихите набавени по стари цени.

Од Министерството посочуваат дека мерките се донесени по консултации со увозниците и анализа на Државниот пазарен инспекторат, кој констатирал раст на цените. Целта е стабилизирање на пазарот, намалување на трошоците и заштита на земјоделците.

Повеќе
Средба Минчев-Буноза во Будва: Во фокусот продлабочување на соработката
Иран ја осуди заплената на товарен брод во Оманскиот Залив од САД
Десетици американски воени ветерани кои протестираа против војната во Иран уапсени на Капитол Хил
Трамп вели дека преговорите со Иран ќе бидат завршени „и сите ќе бидат среќни“
Туркије достави 360 тони помош за раселените цивили во Либан по израелските напади
Четворица Палестинци убиени во израелски напади во појасот Газа
Русија испрати 27 тони хуманитарна помош за Либан
Двајца убиени и петмина ранети тинејџери во претсрелка во Северна Каролина
Иран отфрла разговори под закана од САД
Ал Џезира: Делегација на САД предводена од Венс утре во Пакистан, нова рунда во среда
Пезешкијан: Целта на САД е Иран да се предаде, но Иранците не поклекнуваат пред силата
Ројтерс: Преговори меѓу Либан и Израел во Вашингтон во четврток
Сиљановска-Давкова: Со Радев ќе трагаме по ново решение за билатералниот спор
Мицкоски: Реформската агенда повеќе не е само план на хартија, дава конкретни резултати
Од полноќ поевтинуваат и бензините и дизелот