| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Мицкоски во Вашингтон на средба со конгресмените Клаудиа Тени и Кит Селф
Со конгресменката Клаудиа Тени, копретседавач на Македонската група за пријателство во Конгресот на САД, разговаравме за традиционално силните и пријателски односи меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, рече премиерот
Мицкоски во Вашингтон на средба со конгресмените Клаудиа Тени и Кит Селф
Мицкоски, во рамки на посетата на САД, ќе учествува и на годинашното собрание на Обединетите нации во Њујорк

Премиерот Христијан Мицкоски кој ја предводи владината делегација во работната посета на САД, вчера во Вашингтон остварил средби со конгресменката Клаудиа Тени и со конгресменот Кит Селф.

„Остварена средба со конгресменката Клаудиа Тени, копретседавач на Македонската група за пријателство во Конгресот на САД. На средбата разговаравме за традиционално силните и пријателски односи меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, како и за значењето на парламентарната соработка и размената на искуства меѓу двете земји“, објави премиерот на Фејсбук.

Мицкоски во објавата додава дека посветеноста кон унапредување на партнерството, почитувањето на заедничките вредности и градењето стабилни односи остануваат важен темел за идната соработка.

Освен со конгресменката републиканка Тени, Мицкоски се сретнал и со конгресменот Кит Селф, претседател на Поткомитетот за Европа во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД.

„На средбата разговаравме за значењето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, за заедничките интереси и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката во областите од значење за нашите две држави“, додава премиерот во објавата.

Мицкоски, во рамки на посетата на САД, ќе учествува и на годинашното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

„Во Њујорк, на маргините на годинашното Генерално собрание на ОН, ќе се сретнам со голем број државници. Имаме веќе потврдени средби. Во принцип се ориентиравме на соседството, се разбира, тука е оној прием, нормално, од страна на претседателот на Соединетите Американски Држави. Ќе се обидеме да имаме билатерални средби и со земји од Заливот, каде што цениме дека треба да градиме добри и солидни партнерски врски. Инаку, што се однесува на состанок со бугарската делегација, до овој момент немаме во план таква средба“, рече премиерот во интервјуто во понеделникот за Националниот сервис.

Повеќе
Граѓански организации: Мисијата на ОБСЕ се повлекува од соработката со АОПЗ
Италијански авион погоден за време на напад врз воздухопловна база во Саудиска Арабија
Нов Зеланд не разговарал со ЕУ за статус на придружен член
Швајцарските пратеници поддржуваат построги мерки за азил
Танкер погоден од „непознат проектил“ во Ормускиот Теснец
Шестмина ученици загинаа, 17 се повредени во пукање во средно училиште на Филипини
Дванаесет лица повредени во ноќните напади меѓу Русија и Украина
Се очекува Такаичи да се сретне со Трамп во вторник, пред разговорите меѓу САД и Кина
Алиев: Односите меѓу Туркије и Азербејџан се витален фактор во регионот и пошироко
Речиси половина од германските гласачи веруваат дека Мерц ќе ја напушти функцијата до крајот на 2026
Во Русија почнуваат тридневни избори за државната Дума
Мицкоски: За членство во ЕУ треба да се применува пристап заснован на заслуги што не е случај со нас
Фон дер Лајен: ЕУ ќе исплати 3,3 милијарди евра за ракети и беспилотни летала за Украина
Пентагон разгледува повлекување на најмалку 25.000 американски војници од Европа
Мерц: Гледаме фундаментална промена во односот на САД кон Германија