| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Франција свикува итен состанок на Г7 за Блискиот Исток
„В понеделник заедно ќе се сретнеме со министрите за економија, министрите за енергетика и претставниците на централните банки за да дискутираме за ситуацијата и да разбереме што точно се случува“
Франција свикува итен состанок на Г7 за Блискиот Исток
Франција свикува итен состанок на Г7 за Блискиот Исток / AA
пред 11 часа

Франција следната недела ќе организира заеднички состанок на министрите за финансии, министрите за енергетика и претставниците на централните банки на земјите од Г7, со цел да се разговара за актуелната состојба на Блискиот Исток, изјави министерот за економија Роланд Лескур.

Во изјава за радио „РТЛ“, Лескур појасни дека состанокот ќе се одржи в понеделник и ќе биде фокусиран на процена на случувањата во регионот, како и на нивните потенцијални економски и енергетски влијанија.

„В понеделник заедно ќе се сретнеме со министрите за економија, министрите за енергетика и претставниците на централните банки за да дискутираме за ситуацијата и да разбереме што точно се случува“, истакна тој.

Овој состанок доаѓа во време на зголемени тензии на Блискиот Исток кои предизвикаа сериозна загриженост на глобалните енергетски пазари, како и за економската стабилност.

Франција, која од јануари претседава со Групата седум (Г7), ја координира оваа иницијатива како дел од пошироките напори за справување со глобалните економски предизвици. Групата Г7 ја сочинуваат седумте најразвиени економии: Германија, Канада, САД, Франција, Италија, Јапонија и Велика Британија. Исто така, Франција треба да биде домаќин на самитот на Г7 во градот Евијан во средината на јуни.

САД и Израел ја продолжуваат заедничката офанзива врз Иран започната на 28 февруари, при што досега се убиени над 1.300 луѓе, меѓу кои и тогашниот врховен лидер Али Хамнеи.

Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив во кои има американски воени бази, предизвикувајќи жртви и штета на инфраструктурата, а воедно ги наруши глобалните пазари и авиосообраќајот.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Кина повика да се стави крај на војната на Блискиот Исток
Двајца загинати во Абу Даби по пресретнување на иранска балистичка ракета
Еден израелски војник загина во борбите во јужен Либан
Танкер кој превезувал нафта нападнат со дрон во близина на Истанбул
Писториус: САД и Израел дека немаат јасен воен план за Иран
Аракчи: САД не успеаја да ги постигнат своите воени цели против нас, нема преговори
Фидан разговараше со колегите од Иран, Кина и Пакистан за напорите за завршување на војната
Уставниот суд на Косово го поништи указот на претседателката Османи за распуштање на Собранието
Планот на Израел за купување грчки острови повторно се појавува во време на војната со Иран
Иран го отфрли американскиот план и постави пет услови за да преговара за завршување на војната
Потпишан Меморандум за соработка со технолошкиот гигант Оракл
Сиљановска- Давкова: Околу 80% од македонските граѓаните не сакаат да се менува Уставот
Европската комисија почна постапка што ќе ѝ овозможи на ЕУ да го основа Специјалниот суд за Украина
Туркије и Британија ги продлабочуваат одбранбените врски со нов договор за поддршка на Еурофајтер
Велика Британија понуди да биде домаќин на безбедносен самит за Ормускиот теснец