| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Андоновски: Стратегијата за вештачка интелигенција треба да биде донесена до крајот на годината
Една од активностите на стратегијата треба да биде донесување закон за употреба на вештачката интелигенција, значи, не регулирање на производството или на создавањето на ВИ, туку повеќе на етичко и принципиелно користење, рече министерот
Андоновски: Стратегијата за вештачка интелигенција треба да биде донесена до крајот на годината
Министерството за дигитална трансформација, со поддршка на ЕУ, денеска ја започна Академијата за дигитални вештини во јавната администрација

Националната стратегија за вештачка интелигенција се очекува да биде усвоена до крајот на оваа година, а како дел од предвидените активности се планира и носење закон за употреба на вештачката интелигенција, соопшти денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Во ресорното министерство утре ќе заседава работната група, по што нацрт-документот ќе биде ставен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) и ќе бидат организирани неколку јавни дебати.

„Очекувам дека до крајот на годината ќе ја донесеме. Една од активностите на стратегијата размислуваме да биде донесување закон за употреба на вештачката интелигенција. Значи, не регулирање на производството или на создавањето вештачка интелигенција, туку повеќе на правилното етичко и принципиелно користење за доброто на вештачката интелигенција“, изјави министерот Андоновски.

Во однос на изградбата на националниот дата-центар, Андоновски вели дека веќе се во тек разговори со потенцијални финансиери на проектот, а во Министерството за транспорт веќе се разговара за утврдување на потребната процедура за употреба на локацијата кај Бунарџик.

„Локацијата ќе биде во близина на Скопје, веднаш до една од индустриските развојни зони. Тоа е државно земјиште што не се употребува за земјоделство или за нешто друго, така што овој простор ќе го искористиме. Во близина веќе се изградени фотонапонски централи. Планираме и ние во втора фаза, покрај дата-центарот, да изградиме и фотонапонска централа, со која од 30 до 40 проценти од потрошувачката на електрична енергија ќе ја искористиме од фотонапонската централа“, изјави Андоновски.

Владата во јуни годинава официјално го промовираше проектот „Везилка“- Национална фабрика за вештачка интелигенција.

Неговата цел, како што беше истакнато на промоцијата, е да создаде инфраструктура за развој на современи технологии, истражувања и иновативни решенија со примена на оваа технологија, а проектот треба да ги поврзе и домашната научна заедница, државните институции и приватниот сектор со европската инфраструктура за развој на вештачка интелигенција.

Министерството за дигитална трансформација, пак, со поддршка на Европската Унија, денеска ја започна Академијата за дигитални вештини на јавната администрација.

Во рамките на деветмесечната програма, повеќе од 160 административни службеници ќе ги унапредуваат своите дигитални знаења и вештини во областите на програмирањето, мрежите и безбедноста, развојот на софтвер, тестирањето, употребливоста и современите дигитални процеси.

Повеќе
Граѓански организации: Мисијата на ОБСЕ се повлекува од соработката со АОПЗ
Италијански авион погоден за време на напад врз воздухопловна база во Саудиска Арабија
Нов Зеланд не разговарал со ЕУ за статус на придружен член
Швајцарските пратеници поддржуваат построги мерки за азил
Танкер погоден од „непознат проектил“ во Ормускиот Теснец
Шестмина ученици загинаа, 17 се повредени во пукање во средно училиште на Филипини
Дванаесет лица повредени во ноќните напади меѓу Русија и Украина
Се очекува Такаичи да се сретне со Трамп во вторник, пред разговорите меѓу САД и Кина
Алиев: Односите меѓу Туркије и Азербејџан се витален фактор во регионот и пошироко
Речиси половина од германските гласачи веруваат дека Мерц ќе ја напушти функцијата до крајот на 2026
Во Русија почнуваат тридневни избори за државната Дума
Мицкоски: За членство во ЕУ треба да се применува пристап заснован на заслуги што не е случај со нас
Фон дер Лајен: ЕУ ќе исплати 3,3 милијарди евра за ракети и беспилотни летала за Украина
Пентагон разгледува повлекување на најмалку 25.000 американски војници од Европа
Мерц: Гледаме фундаментална промена во односот на САД кон Германија