| Macedonian
СВЕТ
3 мин читање
САД размислуваат за употреба на „мајката на сите бомби“ против Иран
Предложената употреба на бомбата ГБУ-43/Б, позната како МОАБ, би претставувала значителна ескалација на конфликтот со Иран, објави „Си-ен-ен“
САД размислуваат за употреба на „мајката на сите бомби“ против Иран
САД размислуваат за употреба на „мајката на сите бомби“ против Иран

Американската војска подготвила нови планови за напади што ја вклучуваат можноста за употреба на „мајката на сите бомби“ против иранската енергетска инфраструктура и нуклеарните постројки, доколку претседателот Доналд Трамп нареди обновување на воените операции, објави денес „Си-ен-ен“, повикувајќи се на повеќе американски официјални претставници запознаени со плановите.

Предложената употреба на бомбата ГБУ-43/Б, односно масивната воздухопловна бомба со експлозивно дејство (МОАБ), најголемата ненуклеарна бомба во американскиот арсенал, би претставувала значителна ескалација на конфликтот со Иран, иако функционерите изразиле сомнеж дали ова оружје би можело да ги постигне воените цели на Вашингтон.

Според „Си-ен-ен“, Трамп ѝ наложил на војската да подготви дополнителни опции за напади врз ирански цели, вклучително и енергетската инфраструктура и објектите поврзани со нуклеарната програма на земјата. Плановите би можеле да бидат активирани пред или по претстојните американски меѓуизбори, доколку претседателот одлучи да ги обнови големите борбени операции.

Еден извор запознаен со военото планирање изјавил за „Си-ен-ен“ дека предложените напади би можеле да се извршат пред повлекувањето на американските сили од зоната на одговорност на Централната команда на САД, што потенцијално би ѝ овозможило на администрацијата да изврши дополнителни напади пред да прогласи победа и да ги повлече своите сили.

Втор извор изјавил дека плановите за напади врз иранските нуклеарни постројки, вклучително и сомнителен подземен објект на планината Пикакс, изречно ја вклучувале можноста за употреба на МОАБ.

Трамп повеќепати се заканил дека ќе изврши напад врз планината Пикакс, каде што, според верувањата на Вашингтон и Израел, Иран складирал компоненти од својата нуклеарна програма. Претседателот постојано нагласува дека спречувањето на Техеран да дојде до нуклеарно оружје останува една од главните цели на американската воена кампања.

Американски официјален претставник за „Си-ен-ен“ изјавил дека воените планери редовно подготвуваат низа опции за носителите на политичките одлуки, од операции со помал интензитет до помоќни напади врз силно утврдени цели.

Сепак, останува неизвесно колку би била ефикасна МОАБ против нуклеарни постројки длабоко под земјата.

Бомбата, која се наведува со помош на ГПС, може да уништи голема површина на земјата, приближно колку девет градски блока, но не е наменета за длабоко пробивање под земјата. Извори цитирани од „Си-ен-ен“ изјавиле дека оружјето веројатно би имало тешкотии да уништи објекти заштитени со дебели слоеви гранит и други утврдувања.

„МОАБ е оружје што во голема мера служи за психолошки ефект и информативни операции. Одлично е за уништување големи површини, но не е особено корисно за многу други цели“, изјавил за „Си-ен-ен“ извор запознаен со разговорите за военото планирање, оценувајќи дека бомбата не е соодветна за длабоко пробивање.

Доколку биде употребена, бомбата би можела да предизвика огромни разурнувања на местото на ударот, додека нејзиниот голем радиус на експлозија би можел да предизвика сериозна загриженост поради можните цивилни жртви, особено ако целите се енергетски објекти во близина на населени места или други цивилни постројки.

И покрај овие ограничувања, американските официјални претставниици наводно го разгледувале и потенцијалното психолошко влијание на оружјето како дел од поширокиот спектар воени опции на администрацијата.

Еден извор изјавил за „Си-ен-ен“ дека претседателот би можел да се соочи со притисок за преземање дополнителни дејствија против Иран, и покрај неизвесноста дали новите напади би го принудиле Техеран да ги прифати барањата на Вашингтон.

Изворот сугерирал дека МОАБ би можела да послужи како средство за вршење психолошки притисок, особено поради ограничените можности на расположливата муниција против цели сместени длабоко под земјата.

Повеќе
Брод потона во Ормускиот Теснец откако удрил во мина
Германија ќе воведе данок на шеќер во безалкохолните пијалоци
ЕУ предлага одложување на обврските за метан поради притисок врз увозниците на енергија
Австралиски суд ја укина заштитата на абориџинското наследство што блокираше рудник за злато
ММФ: Повисоките трошоци за задолжување го зголемуваат глобалниот долг
Романија активира ловци Ф-16 откако се забележани дронови близу украинската граница
Трамп најави големи истражувања за нафта, гас и минерали на Гренланд
Русија започна голем напад врз енергетската инфраструктура на Украина
Нетанјаху призна дека шефот на египетското разузнавање го посетил Израел пред нападот на Хамас
Папата Лав успешно опериран во Рим, потврден аденокарцином на белите дробови
Вадефул: Русија не е подготвена за прекин на огнот, потребни се посилни санкции
Француските средношколци повторно започнаа со протести
Наезда од креветни бубачки го откажа летот на „Квантас“ од Рим за Перт
Фон дер Лајен ги осуди нападите со дронови кај Бугарија
Северна Кореја потврди тест на тактичка балистичка ракета
Туркије го повика Израел да ги запре „непромислените“ напади во Сирија
Австралискиот премиер го нарече „одвратен“ планот на САД за пренос на погубување во живо
Повторно дронови нападнале два брода во близина на Бугарија, еден потонал
Mедиуми: Саудиска Арабија ја отфрлила израелската понуда за приклучување кон борбата против Хутите
Зеленски: Русија нападна електрана иако Трамп најави прекин на нападите врз енергетска инфраструра