| Macedonian
СВЕТ
3 мин читање
Трамп вети по 5.000 долари за секој граѓанин ако републиканците победат на средорочните избори
Ако ѝ ја оставиме иднината на САД на радикално левите демократи, на земјата ќе ѝ треба целата следна деценија само за повторно да застане на нозе, гласајте за републиканци и ќе го оставиме остатокот од светот далеку зад себе, со генерации, рече Трамп
Трамп вети по 5.000 долари за секој граѓанин ако републиканците победат на средорочните избори
Единствениот услов е оваа дивиденда да се потроши во СAД, рече Трамп во Далас на првата изборна конвенција на Републиканската партија

Претседателот Доналд Трамп во средата изјави дека ќе му исплати на секој возрасен Американец дивиденда од 5.000 долари ако републиканците ја задржат контролата врз Конгресот по среднорочните избори во ноември.

„Доколку републиканците победат во Претставничкиот дом и Сенатот - двата дома, поради нашата огромна економска сила и успех, ќе исплатам дивиденда од 5.000 долари на секој возрасен граѓанин на Соединетите Американски Држави. Единствениот услов е оваа дивиденда да се потроши во САД“, рече Доналд Трамп во Далас на првата конвенција на Републиканската партија посветена на среднорочните избори.

Сепак, според Ројтерс, не беше веднаш јасно како ќе се вршат исплатите или дали тие ќе бидат легални. Со оглед на тоа што во Соединетите Американски Држави живеат околу 270 милиони возрасни лица, потфатот би чинел приближно 1,35 милијарди долари.

За време на својот говор, Трамп се пофали со своите две најдобри години во претседателската историја, ставајќи се себеси во центарот на изборите и покрај неговата намалена популарност.

Сепак, не беше јасно дали неговиот говор, сличен на оние од предизборната кампања, ќе им се допадне на клучните неопределени гласачи кои, според анкетите, се оддалечија од партијата на Трамп поради растечкото незадоволство од трошоците за живот и војната со Иран, анализира новинската агенција.

„Ако ја оставиме иднината на Америка на радикално левите демократи, на нашата земја ќе ѝ треба целата следна деценија само за повторно да застане на нозе. Гласајте за републиканци и ќе го оставиме остатокот од светот далеку зад себе, со генерации, рече Трамп.

Дводневниот митинг во Далас, каде што Трамп ќе одржи завршен говор во четврток по воведниот говор на потпретседателот Џ.Д. Венс, според Ројтерс, го нагласува степенот до кој судбината на републиканците е поврзана со Трамп и служи како пример за нивната стратегија пред среднорочните избори на 3 ноември.

Во говорот, Трамп ја бранеше својата одлука да го нападне Иран, велејќи дека дејствувал за да го спречи Техеран да развие нуклеарно оружје. Тој исто така вети дека цените на нафтата ќе паднат „штом ја добиеме војната со Иран“, што, според него, ќе се случи наскоро.

Тој исто така рече дека САД би можеле да ја нападнат иранската локација „Пикакс Планина“, каде што наводно се работи на нуклеарни постројки длабоко под земја, а воедно го повика Техеран да биде внимателен.

„Забележуваме одредена активност на локацијата Пикакс. Би го советувал Иран да не прави никакви шеги бидејќи ќе мора да ги удриме многу силно“, рече тој.

Повеќето други говорници на републиканската конвенција се фокусираа главно на нападите врз демократите, прикажувајќи ги како екстремни по прашања како што се учеството на трансродовите жени во спортот и безбедноста на границите.

Тие беа наречени и социјалисти и комунисти, а сенаторот Тим ​​Скот од Јужна Каролина ги окарактеризира како опасни, радикални и чудни.

Повеќе
Албулена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово
Делегацијата на ЕУ во Скопје: Величањето воени злосторници нема место во земјите што се стремат кон
Норвешка одржува традиционален погреб за починатиот крал Харалд
Германската десничарска АфД бара депортација на 1 милион бегалци
Иран тврди дека нападнал американски бродови и танкери во Персискиот Залив како одговор на агресија
Белгискиот министер за економија предупредува на грчко сценарио без „храбри заштеди“
Израел продолжува со воздушните и артилериските напади низ јужен Либан
Израелските сили уапсија 20 Палестинци, вклучувајќи 2 деца, во окупираниот Западен Брег
Трамп ја поздрави рекордната победа на АфД на германските покраински избори
Јужна Кореја со бојкот за јапонскиот комеморативен настан за воените работници трета година по ред
Израел нареди затворање на британскиот Конзулат во Источен Ерусалим
Уапсен поранешниот директор на Државна лотарија Прпарим Бајрами, сам и се предал на полицијата
Туркије со најголем напредок во ОЕЦД во сите три области на рангирање на ПИСА
БиХ протера двајца српски дипломати и се повлекува од декларацијата за регионална соработка
Потпишан Договор за соработка меѓу Македонскиот државен архив и Хрватскиот државен архив