| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
УЈП го презема претседателството на IOTA
„IOTA не треба да биде само место каде даночните администрации разговараат за промените, туку место каде заедно ги претвораат предизвиците во конкретни решенија", истакна Петрова.
УЈП го презема претседателството на IOTA
УЈП го презема претседателството на IOTA

Управата за јавни приходи го презеде едногодишното претседателство на Интер-европската организација на даночни администрации (IOTA) на свечена церемонија која се одржа во рамките на 30-тото Годишно собрание на организацијата во Будимпешта.

Претседателството беше симболично преземено преку церемонијата на примопредавање на знамето на IOTA од в.д. директорката на Националната даночна и царинска администрација на Унгарија, Чила Тамаш Цзинеге, на директорката на Управата за јавни приходи, м-р Елена Петрова.

Во своето обраќање по преземањето на претседателството, директорката Петрова истакна дека даночните администрации денес се соочуваат со брзи технолошки промени, нови економски модели и растечки очекувања од граѓаните и бизнисите. Таа нагласи дека улогата на IOTA е да им помогне на даночните администрации успешно да ги претворат овие предизвици во можности преку практична соработка, размена на искуства и заедничко градење на капацитети.

„IOTA не треба да биде само место каде даночните администрации разговараат за промените, туку место каде заедно ги претвораат предизвиците во конкретни решенија", истакна Петрова.

Веднаш по церемонијата на преземање на претседателството, директорката Петрова го предводеше конститутивниот состанок на новиот состав на Извршниот совет на IOTA, во кој влегуваат Азербејџан, Белгија, Ерменија, Естонија, Романија, Финска, Хрватска и Швајцарија.

Во рамките на Генералното собрание на IOTA, директорката Петрова учествуваше во панел дискусија со директорите на даночните администрации на Азербејџан, Естонија, Украина, Унгарија и Хрватска, посветена на стратешките приоритети на даночните администрации и идната улога на IOTA. На дискусијата беше нагласена потребата од забрзување на дигиталната трансформација, како и способноста на даночниците да управуваат со оваа трансформација и да ја зачуваат довербата на јавноста во услови на брзи технолошки и економски промени.

IOTA е организација во која членуваат 43 европски земји и две придружни членки, а е поврзана со повеќе меѓународни и глобални организации кои работат на даночни прашања. Преземањето на претседателството на IOTA претставува значајно меѓународно признание за Управата за јавни приходи, препознавајќи ја како активен и кредибилен партнер во европската даночна заедница.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Калибаф: Иран ги напушти разговорите во Швајцарија по заканите на Трамп
Пезешкијан: Ефективноста на мировните преговори зависи од целосната посветеност
Израелските акции и шекелот во пад по преговорите САД-Иран
Трамп: Ормутскиот теснец е целосно отворен, а бродскиот сообраќај е нормализиран
Нетанјаху потврди: Израелските трупи ќе останат во јужен Либан
Иран: Завршија техничките разговори со САД во Швајцарија
Иран: Не се преземени дополнителни обврски за нуклеарните инспекции
Ердоган телефонски разговараше со Пезешкијан: Важно е да се преземат сите мерки за регионален мир
Туркије: Ја следиме состојбата на повредените морнари од дрон во Црното Море
Вучиќ разговарал со иранскиот претседател за прекинот на огнот и мировните преговори
Продлабочена интеграција за Молдавија во ЕУ пред формалното пристапување
Ердоган: Анкара ќе добие глобална дипломатска важност со самитите на НАТО и туркиските држави
ЕУ најостро ги осуди изјавите на Бен Гвир дека „Либан треба да гори“
Рама се сретна со Макрон во Париз: Франција ја поддржува Албанија во ЕУ
Пезешкијан предупреди против пораките кои може да поттикнат поделби во Иран