Премиерот на Албанија, Еди Рама, престојува во официјална посета на Франција, при што се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон, пренесува Анадолу.
Во објава на социјалните мрежи, Рама истакна дека посетата и средбата се реализирани како дел на партнерството меѓу Албанија и Франција, како и во рамки на француската поддршка за членството во Европската Унија.
Во соопштението од Владата на Албанија се наведува дека посетата се одржува во рамки на политичкиот дијалог „на високо ниво меѓу Албанија и Франција за понатамошно зајакнување на стратегиското партнерство меѓу двете земји, дијалогот за новиот пристап кон процесот на пристапување, за кој премиерот на Албанија беше еден од најактивните поддржувачи, како и за претстојниот самит на НАТО во Анкара“.
„Албанија ја цени улогата на Франција и личниот ангажман на претседателот Макрон во промовирањето нов пристап кон Западен Балкан и во поддршката на европската перспектива на регионот. Во овој контекст, посетата на Париз се очекува повторно да ја потврди заедничката волја за продлабочување на стратегиското партнерство меѓу двете земји и за понатамошно унапредување на процесот на европска интеграција на Албанија“, се вели во соопштението.




















