| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Македонското МВР и ОЈОГОКК дел од акција на Евроџаст против инвестициски измами преку интернет
Во неколку земји уапсени се седум осомничени, запленети се повеќе од 100 сервери, а утврдената финансиска штета надминува 4 милиони евра, со потенцијални жртви идентификувани во најмалку 50 држави, соопштија од Евроџаст
Македонското МВР и ОЈОГОКК дел од акција на Евроџаст против инвестициски измами преку интернет
Во акцијата учествувале и надлежни органи од Германија, Кипар, Финска, Албанија, Израел и Косово (Фото: Европол)

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција учествувале во координирана меѓународна акција во која е разбиена криминална мрежа инволвирана во организирани инвестициски измами преку интернет.

Како резултат на координираните активности, во различни земји уапсени се седум осомничени лица, извршени се претреси на 17 локации и запленети се повеќе од 100 сервери, како и други електронски докази и средства поврзани со криминалните активности.

Според досегашните сознанија, утврдената финансиска штета надминува четири милиони евра, а потенцијални жртви се идентификувани во најмалку 50 држави.

Надлежните органи, со поддршка од Евроџаст (Eurojust) и Европол (Europol), презедоа акција против криминална мрежа која спроведувала шема за инвестициска измама, а операцијата следи по претходни апсења и претреси спроведени во 2022 и 2025 година.

Во рамките на измамничката шема се користеле навидум легитимни платформи за онлајн тргување, со цел да се наведат жртвите да префрлат големи парични суми.

Во 2022 година, германска двојка поднела пријава откако ги инвестирале своите заштеди преку онлајн платформа, по шо сфатиле дека не можат да ја повлечат заработката. Оваа пријава поттикнала истрага со која била откриена меѓународна шема насочена кон жртви ширум светот.

Според Еуроџаст, измамниците ветувале огромна заработка за краток временски период преку тргување со криптовалути, странски валути и акции. Откако жртвите ќе уплателе помала сума пари, им се прикажувала фиктивно зголемена заработка, со што платформата изгледала легитимно.

Наводните брокери потоа вршеле психолошки притисок врз жртвите за да инвестираат дополнителни, поголеми суми пари. Кога жртвите се обидувале да ја повлечат заработката, измамниците користеле разни тактики за одложување, спречувајќи ги во тоа. На крајот, сторителите исчезнувале, а жртвите сфаќале дека останале без своите пари.

„По повеќе од четири години истрага, првиот ден на меѓународната акција зададе почетен удар на измамничката шема, што резултираше со две апсења и запленување на обемни докази. По анализата на овие докази, истражителите идентификуваа уште седум осомничени, меѓу кои и раководители на кол-центри што се користеле за убедување на жртвите да инвестираат повеќе пари. Надлежните органи организираа уште еден ден меѓународна акција, при што беа уапсени дополнителни осомничени, а беа запленети докази и парични средства“, рекоа од Евроџаст.

Од доказите собрани за време на вториот ден на акција била откриена компанија со седиште во Кипар и Израел, која наводно нудела „криминал како услуга“ (crime-as-a-service), снабдувајќи разни криминални групи со лажни веб-страници за спроведување онлајн измами.

„Надлежните органи, исто така, идентификувале лица во Албанија, Косово и Северна Македонија, за кои постои сомневање дека биле клиенти на компанијата и управувале со измамнички кол-центри. Акцијата беше насочена кон овие осомничени, како и кон серверите што се користеле за нивните криминални активности. Вкупно беа извршени претреси на 17 локации, вклучително и еден кол-центар на Косово. Властите заплениле повеќе од 100 сервери, заедно со други докази и средства. Седум осомничени беа уапсени за предавање или екстрадиција во Германија“, рекоа од Евроџаст.

Повеќе
Катар: САД и Иран ги разгледуваат предлозите со цел постигнување договор
Украинскиот претседател во посета на Берлин на разговори со Мерц
Ердоган: Разговаравме за постигнување на целта од 15 милијарди долари размена со Јужна Кореја
Неколку училишта блокирани низ Франција, илјадници луѓе се очекува да се приклучат на протестите
Виткоф: САД ќе посредуваат во разговорите меѓу Русија и Украина на 10 и 11 ноември
Израел заплени над 26 дунуми палестинска земја на окупираниот Западен Брег
Иран испрати „цврст и рационален“ одговор до САД; „топката е кај Америка“ за да се спречи војна
Волстрит џурнал: САД извршија напади врз иранскиот остров Кешм
Речиси 70 повредени додека Русија и Украина разменуваат обвинувања за ноќните воздушни напади
Нетанјаху повика на формирање широка национална влада под негово водство, без арапските партии
Анкети: Демократите во водство во сите 7 клучни трки за Сенатот пред изборите во вторник
Грција забрани протест поради пристанување на израелски крузер на островот Сирос
Ибрахимовиќ: Црна Гора не се согласува со ирационалните барања на Хрватска
Арагчи: Иран спроведува интензивна шатл-дипломатија преку Катар и Пакистан
Туркије врати 100 културни артефакти од САД