Најмалку шест лица загинаа, а 22 други се повредени во експлозија на бомба денеска во кафуле во центарот на Дамаск, изјави сириското Министерство за здравство за телевизијата Алихбарија.
Порано, Ахмед Бакур, директор на одделот за брза помош на министерството, изјави за телевизијата дека сите ранети се префрлени во неколку болници во сирискиот главен град.
ПРЕПОРАЧАНО
Според дописникот на Алихбарија, експлозијата била предизвикана од експлозивна направа поставена во кафулето на улицата Ал-Наср, во близина на Палатата на правдата.
Ниту една група сè уште не ја презеде одговорноста за експлозијата, додека истрагите се во тек.








