| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Иран вложи протест до ОН поради заканата од Израел за атентат врз врховниот лидер Моџтаба Хамнеи
Во писмо до генералниот секретар Антонио Гутереш, како и до СБ и ГС на ОН, амбасадорот на Иран Иравани рече дека заканата од израелскиот министер за одбрана, Израел Кац е дел од намерна и систематска политика на државен тероризам кон Иран
Иран вложи протест до ОН поради заканата од Израел за атентат врз врховниот лидер Моџтаба Хамнеи
Иравани додаде дека СБОН му дозволил на Израел да дејствува неказнето и предупреди дека Техеран ќе одговори на какви било непријателски дејствија / Reuters

Амбасадорот на Иран во Обединетите нации, Амир Саид Иравани, денес поднесе протест до организацијата поради најновата израелска закана за атентат врз врховниот лидер на земјата, ајатолахот Моџтаб Хамнеи.

Во писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, Советот за безбедност и Генералното собрание на ОН, Иравани рече дека заканата од израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, е „дел од намерна и систематска политика на државен тероризам“ насочена кон иранските владини претставници.

Тој рече дека заканите за извршување на атентатот врз Моџтаб Хамнеи се поврзани со „нелегални акти на агресија од страна на израелскиот режим против Иран, вклучително и атентатот врз покојниот ирански лидер, ајатолахот Сејед Али Хамнеи, и други високи политички и воени претставници, извршени со учество, координација и поддршка на Соединетите Американски Држави“.

Иравани додаде дека Советот за безбедност на ОН му дозволил на Израел да дејствува неказнето и предупреди дека Техеран ќе одговори на какви било непријателски дејствија.

„За жал, неуспехот на Советот за безбедност да ги исполни своите обврски според Повелбата на ОН ја зајакна климата на неказнивост и го направи израелскиот режим уште подрзок во нормализирањето на државниот тероризам, што претставува многу опасен преседан и претставува сериозна закана за меѓународниот мир и безбедност“, заклучи Иравани.

Повеќе
Израелскиот Кнесет усвои предлог-закон за забрана на муслиманскиот повик на молитва преку звучници
Германија: Двајца мртви, повеќе од 30 повредени во пожар во болница
Иран вложи протест до ОН поради заканата од Израел за атентат врз врховниот лидер Моџтаба Хамнеи
Жан-Ноел Баро го поздрави рамковниот договор меѓу Либан и Израел во телефонски разговор со Рубио
Шефот на турското разузнавање одржа разговори со курдски претставници во северен Ирак
5 будистички монаси-аџии загинаа во сообраќајна несреќа во Тајланд
Катарскиот емир и сирискиот претседател разговараа за преговорите меѓу САД и Иран
Бројот на жртви во земјотресот во Венецуела се искачи на речиси 3.000
Најмалку 11 загинати во масовен руски напад врз Киев
Позитивен напредок во индиректните разговори меѓу САД и Иран во Доха
Зеленски: Русија подготвува масовно гранатирање на територијата на Украина
Џ.Д. Венс: Претседателот нема да ја врати војската во Иран освен ако не мора
Ирска го започнува претседателството со Советот на ЕУ
Минималната плата во Косово од денес се зголемува на 500 евра
Петмина повредени во напади со запаливи бомби врз домови на членови на владејачката Нова Демократија