Соединетите Американски Држави и Иран постигнаle напредок во индиректните разговори, тврдат медијаторите Катар и Пакистан.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, Маџед ал-Ансари, изјави во среда навечер дека е постигнат „позитивен напредок“ по прашањата поврзани со рамковниот договор постигнат пред две недели за завршување на војната во Иран.
„Медијаторите на Катар и Пакистан денес во Доха завршија одделни средби со американските и иранските преговарачи, со позитивен напредок по прашања поврзани со Меморандумот за разбирање во Исламабад, врз основа на резултатите од Самитот на езерото Луцерн“, напиша Маџед Ал Ансари на X.
Ал-Ансари напиша на X дека страните се согласиле да ги продолжат разговорите во наредниот период, а следниот состанок треба да се закаже што е можно поскоро по погребните поворки за поранешниот ирански врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен во израелски воздушен напад кон крајот на февруари.
Според иранските извештаи, церемониите се закажани да започнат на 4 јули во главниот град Техеран и градот за аџилак Ком. Погребот е закажан да се одржи на 9 јули во родниот град на Хамнеи, Машхад, на североистокот од земјата.
Договорот потпишан минатиот месец отвори врата за 60-дневен преговарачки период, но тие напори се соочија со нестабилен почеток по серијата судири околу Ормутскиот теснец и дебатите за идното управување со критичниот воден пат.









