| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
МНР му упати демарш на бугарскиот амбасадор поради употреба на терминот „северно-македонски“
Министерката за надворешни работи на Бугарија, Весислава Петрова Чамова, вчера на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ употреби неправилна придавка изведена од името на државата, користејќи го изразот „северно-македонски партнери“
МНР му упати демарш на бугарскиот амбасадор поради употреба на терминот „северно-македонски“
На бугарскиот амбасадор Жељазко Радуков денеска во МНР му бил упатен усен демарш (Фото: МНРиНТ на РСМ) / Others

На бугарскиот амбасадор Жељазко Радуков денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска му бил упатен усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“, потврдија од МНРиНТ за МИА.

-Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Бугарија во Република Северна Македонија, Жељазко Радуков, се вели во информацијата од Министерството.

На средбата, додаваат оттаму, му бил упатен усен демарш во врска со несоодветното адресирање од страна на министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Весислава Петрова Чамова, која во својата вчерашна изјава за време на Советот на министри за надворешни работи на Европската Унија употреби несоодветна и неправилна придавка изведена од името на нашата држава, користејќи го изразот „северно-македонски партнери“.

Министерот Тимчо Муцунски вчера демантираше дека имал билатерална средба со новоименуваната министерка за надворешни работи на Бугарија, Весислава Петрова Чамова, појаснувајќи дека станувало збор за кратка размена на зборови на маргините на настан. Тој исто така реагираше и на користењето на терминот „северномакедонски“ во изјавата на бугарската министерка, оценувајќи го како неточен и несоодветен.

Повеќе
Дејвид Гета во Скопје на 8 септември за 35 денари
Американски дипломати официјално потврдија дека Израел распоредил Железна купола во ОАЕ
СЗО: Од октомври 2023 година 43.000 Палестинци во Газа се здобиле со повреди со трајни последици
Муцунски од Братислава: Потребна е засилена динамика на проширувањето на ЕУ
ТИКА обезбеди поддршка за жените земјоделци во Северна Македонија
Фидан: Ормускиот Теснец да не се користи како оружје
Тајланд потврди нов сој на коронавирус кај лилјаци
Нетанјаху се појави на суд по 86-ти пат во судењето за корупција
Зеленски: Русија лансира 200 дронови и го прекина делумното примирје
Австралија: Нашите патници од крузерот со хантавирус се во добра состојба
Шест луѓе убиени во израелски воздушен напад врз Либан
Трамп фрустриран од разговорите со Иран размислува за нови напади
Четвртина Американци веруваат дека третиот обид за атентат врз Трамп е исцениран
Австралија воведе серија санкции за ирански поединци и субјекти
Есра Албајрак: Светот има потреба од нови глобални центри на мудрост надвор од Западот