Светски познатиот диџеј Дејвид Гета ќе биде главна музичка ѕвезда на прославата за одбележувањето на 35 годишнината од македонската независност.
Авалон продукција во соработка со македонската Влада организираат концерт на Гета на арената Тоше Проески на осми септември по симболична цена од 35 денари.
Наместо класични билети ќе постои елктронска регистрација која ќе чини 35 денари на која секое лице ќе може да резервира најмногу по две места.
Од Авалон продукција инфоермираа дека Гета ќе пристигне со спектакуларното шоу со продукцијата Монолит, едно од најголемите продукциски шоуа во светот.


















