| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Ангелов во Туркије на Конференцијата за управување со катастрофи
Учеството на Конференцијата ја потврди важноста на регионалната солидарност и соработката во областа на управувањето со катастрофи: катастрофите не познаваат граници.
Ангелов во Туркије на Конференцијата за управување со катастрофи
Ангелов во Туркије на Конференцијата за управување со катастрофи / Other

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, учествуваше на Конференцијата за управување со катастрофи во рамките на Балканската платформа за мир, иницијатива предводена од Република Туркије, на покана на претседател на Претседателството за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) на Република Туркије, Али Хамза Пехливан, во Анкара.

„Истата беше организирана и насочена кон поттикнување на регионалниот дијалог, политичката стабилност, економскиот просперитет и директната комуникација меѓу балканските држави. Конференцијата, поддржана од турскиот претседател Ердоган, го стави во фокус управувањето со природните катастрофи како значајна област за унапредување на регионалната соработка, зајакнување на подготвеноста и градење стабилен и отпорен регион на главниот ден од настанот, 15 октомври 2026“, соопштија од ДЗС.

Инаку, на настанот со повеќедневна агенда, учествуваа претставници од земјава, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово. Преку презентации на националните системи, актуелните состојби и стекнатите искуства, учесниците ја истакнаа важноста на координираниот регионален пристап, размената на знаења и добри практики, како и зајакнувањето на партнерството во справувањето со заедничките ризици од катастрофи.

Во рамките на овој настан беше реализирана и посета на провинцијата Газиантеп, најпогодена од разорниот земјотрес, што се случи на 6 февруари 2023 година. По тој повод, беше остварена средба со окружниот гувернер на Нурдаги, Нуралах Џемил Ерчијас, кој ги претстави активностите за обнова и овозможи посета на новоизградените станбени објекти наменети за граѓаните кои ги загубиле своите домови во земјотресот. Посетата овозможи непосреден увид во обемот на вложените напори за надминување на последиците од катастрофата, обезбедување соодветни услови за живот и создавање побезбедни и поотпорни заедници

„Учеството на Конференцијата ја потврди важноста на регионалната солидарност и соработката во областа на управувањето со катастрофи: катастрофите не познаваат граници, континуираното унапредување на националните капацитети, споделувањето на искуствата и координираното дејствување се од суштинско значење за поефикасна превенција, подготвеност и одговор, како и за изградба на побезбеден и поотпорен Регион“, велат од ДЗС.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Туркије почна голем проект за податочни центри- чекор кон создавање регионален дигитален центар
Црна Гора го менува Уставот: Задолжителна проверка на интегритетот на кандидатите за Владата
Трамп: САД ќе горат како Франција ако победат демократите
Ангелов во Туркије на Конференцијата за управување со катастрофи
Протестите во Албанија не се смируваат, продолжуваат судирите со полицијата
Иран: Соборен американски воен дрон над Ормутскиот Теснец
Граѓаните на Алберта не гласаа за отцепување од Канада
Палестински сопружници загинаа во израелските напади врз Газа
Тројца загинати во Украина по последните руски напади
Потпретседателот на САД одби да го поддржи Нетанјаху на израелските избори
Папата Лав XIV побара соработка на Москва и Киев за хуманитарна помош во Олешки
Франција воведува полициски час во четири северни општини
Лавров: Русија ќе ги почитува своите економски договори со Иран и покрај сложената ситуација
Референдум во Алберта, едно од прашањата е дали треба да остане дел од Канада
Литванија тврди дека дронот што се урна на нејзина територија дошол од Полска