Соработка меѓу Русија и Украина за испорака на хуманитарна помош и безбедна евакуација на цивилите од Олешки во Херсонската област. Ова во денешниот телефонски разговор со украинскиот престедател Володимир Зеленски го побарал папата Лав XIV, соопшти прес службата на Ватикан.
Во соопштението се наведува дека за време на разговорот, папата уште еднаш ја истакнал тешката ситуација во Олешки кој е под руска контрола и потсетил на барањето за воспоставување хуманитарен прекин на огнот што претходно му го испратил на рускиот претседател Владимир Путин.
ПРЕПОРАЧАНО
Папата исто така ја повтори посветеноста на Светата столица на дијалог и мир.


















