Шефот на НАСА се обиде да ги мотивира фудбалерите од репрезентацијата на САД да направат што подобар резултата на овогодинешниот турнир на Светското првенство, ветувајќи дека ќе испрати фудбалска топка на Месечината ако ја освојат титулата.
„Тоа е предизвикот, во ред, затоа тим на САД, завршете ја работата“, рече шефот на НАСА, Џаред Исакман, во вторник за време на настанот во кој беа детално опишани плановите на американската вселенска агенција за база на Месечината.
НАСА веќе испрати ФИФА топка до Меѓународната вселенска станица, бидејќи САД заеднички го организираат турнирот во 2026 година со Мексико и Канада.
Но ако Американците триумфираат - што е мала шанса - Исакман вети дека ќе испрати фудбалска топка подалеку од кога било досега.
Надминување на Алан Шепард
Тој истакна дека во 1971 година, астронаутот Алан Шепард славно направил неколку голф замавнувања на Месечината, откако сокрил палка и неколку топчиња.
„Ќе го надминеме Алан Шепард“, се заколна Исакман. „Ќе ја однесеме фудбалската топка таму.“
„Значи, малку мотивација за Соединетите Држави тука.“
Ако топката навистина се впушти во лунарно патување, таа ќе биде транспортирана на товар што вклучува научни инструменти, дел од американските планови за изградба на база на Месечината во наредните години.
„Доколку Соединетите Држави го освојат Светското првенство, апсолутно ќе најдеме простор“, рече Карлос Гарсија-Галан, менаџер на програмата на НАСА за базата на Месечината.
Тој го забележа тешкиот пат со кој играчите би можеле да се соочат пред такво достигнување, но рече дека топката е доволно лесна за да го издржи патувањето.
„Сè е на машката репрезентација на САД, па со среќа“, рече Гарсија-Галан.





















