| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Мицкоски: Се соочуваме со неправедна блокада на патот кон ЕУ
„И да кажам дека нема пари, нема моќ и нема причина поради која би го предал мојот народ или би направил нешто, било што, на негова штета“, рече Мицкоски.
Мицкоски:  Се соочуваме со неправедна блокада на патот кон ЕУ
Мицкоски: Се соочуваме со неправедна блокада на патот кон ЕУ / Other

Македонија се соочува со сериозна и неправедна блокада во нејзините интеграции. Мора да влеземе во Европската Унија, но притоа да останеме сочувани и достоинствени, порача премиерот Христијан Мицкоски од свечената академија што по повод Денот на сесловенските просветители се одржа во црквата Свети Софија во Охрид.

„Нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина. Ако се држиме цврсто и обединето, без оглед на тоа кој е на другата страна, ќе останеме цврсти, а споделената мака е помала мака. Токму тоа јадро било разнишувано и удирано во историската судбина на Македонија. Македонија се соочува со сериозна и неправедна блокада во нејзините интеграции. И можам да ги разберам, иако не ги оправдувам, позициите на Бугарија“, рече Мицкоски во своето обраќање.

Тој повика на народно и интелектуално обединување порачувајќи дека „мора да се бориме за она во што веруваме и концептот на обединување да се постигне на здрава основа.“

„И да кажам дека нема пари, нема моќ и нема причина поради која би го предал мојот народ или би направил нешто, било што, на негова штета“, рече Мицкоски.

ИЗВОР:Other
Повеќе
Може ли новиот трговски механизам меѓу САД и Кина да ги намали тензиите?
Невиден чин на дивјаштво- Новиот закон на Израел автоматски одредува смртна казна за Палестинците
Јанез Јанша положи заклетва како премиер на Словенија
Рубио: САД се повлекуваат од мировните преговори меѓу Украина и Русија
Банкарскиот сектор на Туркије останува силен и покрај глобалните ризици и неизвесноста
Ердоган: Туркије стана клучен енергетски центар и актер за мир
Кубанци протестираат во Хавана поради американското обвинението против Кастро
Четворица загинаа во украински напад врз колеџ и студентски дом во Луганск, кој е под руска контрола
Шестмина загинати во израелските воздушни напади вo јужен Либан
Вучиќ: Ја разбираме визијата на Трамп, а зајакнатите односи ќе придонесат и за Европа
Русија тврди дека зазела ново населено место во Украина
Халкбанк со нова докапитализација од 40 милиони евра, силен сигнал за раст и стабилност
Во Тетово се одржа церемонија на дипломирање во училиштето на турската фондација „Маариф“
Трамп: САД ќе испратат дополнителни 5 000 војници во Полска
Помошничка на Епстин откри тројца нови соучесници во мрежата на злоупотреби