Туркије го осуди нападот врз џамијата Ал-Акса, предводен од израелски министер заедно со група окупатори.
„Го осудуваме нападот врз џамијата Ал-Акса извршен од израелски министер придружуван од група доселеници“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на земјата.
Во соопштението се предупредува дека провокативните дејствија што го нарушуваат историскиот и правниот статус на џамијата Ал-Акса, свето муслиманско место, ризикуваат дополнително продлабочување на тензиите и нестабилноста во регионот.
Во соопштението се повикува глобалната заедница да ги исполни своите одговорности за заштита на легитимните права на палестинскиот народ и да ги запре израелските насилства насочени кон окупираниот Источен Ерусалим и неговите свети места.














