| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Иран предупреди дека ќе го збогати ураниумот во оружје во случај на нов американско-израелски напад
Збогатување на ураниум до чистота од 90 проценти, ниво кое се смета за оружје, ќе биде еден од одговорите на Иран во случај на обновена американско-израелска офанзива врз неговата територија
Иран предупреди дека ќе го збогати ураниумот во оружје во случај на нов американско-израелски напад
Ќе ја разгледаме таа опција, најавија од Комитетот за надворешна политика и национална безбедност на иранскиот парламент / AP

Иран предупреди во вторникот дека еден од неговите одговори би можел да вклучува збогатување на ураниум до чистота од 90 проценти во случај на обновена офанзива од страна на САД и Израел на негова територија.

Нивото на чистота од 90 проценти се смета за оружје.

„Ќе ја разгледаме таа опција во парламентот“, рече Ебрахим Резаи, портпарол на Комитетот за надворешна политика и национална безбедност на иранскиот парламент, во објава на X.

Коментарите на Резаи дојдоа во услови на ескалација на регионалните тензии откако САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари, предизвикувајќи одмазда од Техеран против Израел, како и против сојузниците на САД во Заливот во кои се има американски бази и персонал, заедно со затворањето на Ормускиот теснец.

Прекинот на огнот стапи на сила на 8 април преку пакистанско посредништво, но разговорите во Исламабад не доведоа до траен договор. Примирјето подоцна беше продолжено од страна на американскиот претседател Доналд Трамп без утврден рок.

Во неделата, Иран му го испрати на Пакистан својот одговор на американскиот предлог за прекин на војната, но Трамп го отфрли како „тотално неприфатлив“.

Повеќе
Австралија воведе серија санкции за ирански поединци и субјекти
Есра Албајрак: Светот има потреба од нови глобални центри на мудрост надвор од Западот
Мировниците на ОН во Либан регистрирале повеќе од 1.296 израелски напади во последните три дена
Трамп вели дека примирјето со Иран е на ниски гранки
ЕУ ја обновува целосната соработка со Сирија
Поучниот анимиран филм „Кликни безбедно“ достапен на Ју Тјуб на три јазици
Од полноќ пониски цени на дизелот и на Еуросупер БС-95
Мицкоски: Коридорите 8 и 10 наш најголем приоритет, неделава тендер за гасоводот со Србија
Кос: Во Европската Унија има место за сите држави од Западен Балкан
ЕУ се согласи на санкции насочени кон израелските окупатори на Западниот Брег
Турско-белгиски бизнис форум: Стремеж кон подлабоки трговски односи и инвестициски врски
Ердоган: Геополитичките промени ја нагласуваат потребата од поблиски односи меѓу Туркије и ЕУ
Прево: Белгија гледа значаен потенцијал за продлабочување на стратегиското партнерство со Туркије
Евровизија се соочува со обновени критики за „ционистичко перење“ околу Израел
Судот во Бангладеш забранува откривање на полот на нероденото дете