| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Турската амбасада во Скопје организираше свечен прием по повод Денот на победата
Денот на победата им е посветен на Вооружените сили на Туркије, кои ја водеа Битката кај Думлупинар од 26 до 30 август 1922 година во централната турска област Кутахија, каде што окупаторската грчка војска беше решително поразена
Турската амбасада во Скопје организираше свечен прием по повод Денот на победата
Програмата посветена на одбележувањето на овој ден започна со едноминутно молчење во чест на жртвите од бродот што се преврте кај ТРСК

Амбасадата на Туркије во Скопје организираше свечен прием по повод Денот на победата, кој во Туркије се одбележува на 30 август, во знак на сеќавање на последната битка во западна Анадолија против грчките сили во 1922 година.

Приемот беше организиран под покровителство на турскиот амбасадор Фатих Улусој, во резиденцијата на Амбасадата во Скопје, а присуствуваа претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, вицепремиерот на Северна Македонија и министер за европски прашања, Беким Сали, министерот без ресор, Зулќифар Зејнула, началникот на Генералштабот на Армијата на Северна Македонија, Сашко Лафчиски, како и претставници на политичките партии и турските институции во земјата и голем број други гости.

Програмата посветена на одбележувањето на овој ден започна со едноминутно молчење во чест на жртвите од бродот што се преврте во Турската Република Северен Кипар (ТРСК), како и со интонирање на националните химни на двете земји.

Улусој, оддавајќи им почит на Мустафа Кемал Ататурк и неговите соборци, рече: „Разбирањето ‘Мир во татковината, мир во светот’ е еден од најосновните принципи на нашата надворешна политика.“

„Турските одбранбени производи се извезуваат во 185 земји, вклучително и во земјите членки на НАТО и ЕУ, а извозот во областа на одбраната и воздухопловството достигна 10 милијарди долари.“ рече тој.

Укажувајќи дека Северна Македонија и Туркије се пријателски и сојузнички земји, тој истакна: „Заедничките вежби, обуките и донациите за македонската армија претставуваат конкретен показател за нашата одбранбена соработка со Северна Македонија, која отсекогаш ја поддржувавме од нејзината независност.“

„Значаен дел од нашата работа, несомнено, го сочинуваа нашите сонародници и прашањата што ги засегаат. Во овој контекст, посетувајќи ги местата каде што живее турската заедница во Македонија, од град до град и од село до село, имав задоволство да се сретнам со нашите сонародници.“ изјави тој.

За време на програмата беше прочитана и пораката на претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, по повод Денот на победата.

Денот на победата им е посветен на Вооружените сили на Туркије, кои ја водеа Битката кај Думлупинар од 26 до 30 август на територијата на денешната централна турска област Кутахија, каде што окупаторската грчка војска беше решително поразена.

До крајот на 1922 година, сите странски сили беа протерани од териториите што една година подоцна ќе ја формираат РепубликаТуркије.

Повеќе
Фидан: Меѓународниот систем мора да се спротивстави на заканата од Нетанјаху
Трговијата на Туркије со туркиските држави се зголеми за 6,6% на 10,1 милијарди долари
Гаши: Ќе одат на гласање сите закони за кои е потребен Бадентер
Пезешкијан: Техеран „не бара војна“ по американскиот напад врз островот Ларак
Транспортерите со протест во Скопје, побараа од ЕУ итно решение за престојот во Шенген-зоната
Во Истанбул почна првиот состанок на Комитетот во рамки на Договорот од Мека за заедничка одбрана
Нови цени од полноќ: Дизелот поевтинува за 6,50 денари, бензините поскапуваат
Кремљ: Самит Путин-Трамп-Зеленски е можен само за финализирање на договорите за Украина
Иран: Ги нападнавме американските сили во воздухопловната база во ОАЕ
Трамп: Бизнисите се враќаат во САД од Канада за да избегнат царини
Поранешен израелски премиер: Израел меѓу американските стуенти се поврзува со геноцид
Американските сили нападнаа два ирански лансери за ракети
Челик реагираше на изјавите на Министерството за надворешни работи на Израел
Палестина повика на меѓународна акција за ставање крај на израелската опсада на градот Ал-Мугајир
Северна Македонија и Израел ја зајакнуваат соработката: Фокус на инвестиции, туризам, безбедност