Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука според која бензините поскапуваат за еден денар, а дизелот поевтинува за 6,5 денари по литар.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за еден денар за литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.08.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 94 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 96 денари за литар.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 6,50 денари за литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.08.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 95 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 3,50 денари за литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.08.2026 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 97денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,166 денари за килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.08.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 44,410 денари за килограм.
Од РКЕ објаснуваат дека при новата пресметка референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат различни движења. Кај бензините е регистриран просечен раст од 2,212 отсто, додека кај дизелот има намалување од 8,237 отсто. Екстра лесното масло поевтинело за 4,389 отсто, а мазутот за 2,793 отсто.
Во пресметката влијаел и курсот на денарот во однос на американскиот долар, кој во споредба со претходниот период бил понизок за 0,5477 отсто.






















