| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Транспортерите со протест во Скопје, побараа од ЕУ итно решение за престојот во Шенген-зоната
Превозниците реагираат на примената на правилото 90/180 дена, кое, според нив, создава сериозни проблеми за професионалните возачи кои често патуваат и работат во земјите од Шенген-зоната
Транспортерите со протест во Скопје, побараа од ЕУ итно решение за престојот во Шенген-зоната
Транспортерите со протест во Скопје, побараа од ЕУ итно решение за престојот во Шенген-зоната / َAA

Транспортните превозници денеска одржаа предупредувачки протест пред Делегацијата на Европската Унија во Скопје, барајќи итно решавање на проблемот со ограничениот престој на професионалните возачи во Шенген-зоната.

На протестот беа паркирани околу 20 товарни возила. Превозниците реагираат на примената на правилото 90/180 дена, кое, според нив, создава сериозни проблеми за професионалните возачи кои често патуваат и работат во земјите од Шенген-зоната.

Протестот се одржува во пресрет на утрешниот состанок на работната група во Брисел. Истовремени протести се организираат и во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Генералната секретарка на „МАКАМ-ТРАНС“, Билјана Муратовска, изјави дека и покрај тоа што Европската Унија во јануари признала дека професионалните возачи вршат дејност, седум месеци нема конкретно решение за проблемот.

Таа оцени дека долгото задржување на возачите при проверка на деновите на престој претставува „страшна дискриминација и повреда на човековите права“.

Од Министерството за транспорт посочуваат дека прават сè што е во нивна моќ за да им помогнат на транспортерите и за надминување на проблемот со ограничениот престој на професионалните возачи во Шенген-зоната.

Во таа насока, Министерството работи на склучување билатерални договори со земјите од Шенген-зоната, со цел да се овозможи непречено функционирање на македонските транспортни компании и нивните возачи.

ИЗВОР:َAA
Повеќе
Гаши: Ќе одат на гласање сите закони за кои е потребен Бадентер
Нови цени од полноќ: Дизелот поевтинува за 6,50 денари, бензините поскапуваат
Хоџа: Албанија ниту е, ниту може да биде дел од какво било сценарио за дестабилизација
УЕФА покрена постапка против Црвена ѕвезда поради транспаренти за воениот злосторник Ратко Младиќ
Српскиот министер за правда: Младиќ ќе биде погребан со највисоки државни почести
Тројца македонски државјани загинаа, двајца се тешко повредени во сообраќајна несреќа во Словенија
Претседателот на Црна Гора свика итна седница на Советот за одбрана поради наводен хибриден напад
„Безбеден град“ ќе ги казнува и мотоциклистите за брзо возење
Грлиќ Радман: Силите под команда на Младиќ оставија крвава трага низ Хрватска и БиХ
Мицкоски: Остануваме на стратегијата за изградба на дата центри
Потпишан договорот за изградба на интерконективниот гасовод со Србија
Во Хаг умре осудениот воен злосторник Ратко Младиќ
Тошковски: Бројот на загинати во сообраќајни несреќи намален за 35 проценти
Секое десетто дете било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба со помош на технологијата
Шести смртен случај од западнонилска треска, почина 72-годишен пациент
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
Ердоган вети дека ќе ги ослободи од тероризам Туркије и регионот
Со централна манифестација одбележана 116-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза
На Клиниката за инфективни болести во моментов се лекуваат 21 пациент со западнонилска треска
Мицкоски: Почна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата