| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Комплетирани четвртфиналните двојки на СП 2026, денеска нема натпревари на Мундијалот
Швајцарската фудбалска репрезентација ноќеска последна обезбеди место меѓу осумте најдобри селекции на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, откако по подобро изведување пенали ја елиминираше Колумбија
Комплетирани четвртфиналните двојки на СП 2026, денеска нема натпревари на Мундијалот
На првото Светско првенство со 48 репрезентации, во трка за трофејот останаа само уште осум, a денеска е прв ден за одмор откако почна Мундијалот / Reuters

По речиси еден месец фудбалски спектакл, Светското првенство го има првиот ден без натпревар.

Швајцарската фудбалска репрезентација ноќеска последна обезбеди место меѓу осумте најдобри селекции на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, откако по подобро изведување пенали ја елиминираше Колумбија.

По 120 минути без голови (0:0), победникот беше решен во пенал-рулетот, каде Швајцарците славеа со 4:3 и изборија голем четвртфинален дуел против Аргентина.

По завршувањето на осминафиналето, познати се сите четвртфинални двојки

Французите стигнаа до четвртфиналето со победа над Парагвај од 1:0, додека Мароко лесно победи еден од домаќините, Канада, со резултат од 3:0.

Шпанија во европската класика во осминафиналето ја совлада Португалија (1:0), додека, од друга страна, Белгија лесно ги победи САД со резултат од 4:1.

Норвешка ја продолжи својата мундијалска бајка со победа од 2:1 над Бразил, додека Англија, по тешка борба, го елиминираше Мексико со 3:2.

Аргентина, пак, стигна до четвртфиналето по спектакуларниот пресврт против Египет со 3:2.

Сепак, најголем удар доби Белгија, која во продолжението на турнирот ќе мора без еден од своите важни играчи – Амаду Онана.

Играчот од средниот ред на Астон Вила заработи тешка повреда на предниот вкрстен лигамент на десното колено во осминафиналниот натпревар против САД.

Четвртфиналните натпревари се:

Франција- Мароко

9 јули, 22:00 часот

Шпанија- Белгија

10 јули, 21:00 часот

Норвешка- Англија

11 јули, 23:00 часот

Аргентина- Швајцарија

12 јули, 03:00 часот

Повеќе
Седницата за гласање недоверба на Владата на Србија е закажана за понеделник
Зеленски: Шест лица загинаа, десетици се повредени во рускиот напад врз регионот на Киев
Индија ja продолжува блокадата на мобилниот интернет во центарот на Њу Делхи
Муцунски: Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО
Мерц ја реконструираше владата, Нина Варкен првата жена на функцијата шеф на канцеларијата
Лавров: Треба да се утврди кој е одговорен за неуспехот на договорот од самитот на Алјаска
Мицотакис: Нема да има предвремени избори наесен, ќе бидат редовни во 2027 година
Масовна евакуација на жители и туристи во Франција по шумските пожари
ЕУ изненадена од новите тарифи наметнати од САД
Четворица Палестинци убиени во напад на израелската армија и доселеници кај Наблус на Западниот Брег
Туркије ги испраќа првите пилоти во Велика Британија за обука на Еурофајтер
Изгласана реконструкцијата на Владата на Црна Гора, именувани четири нови министри
Стапија на сила новите царини на САД за над 60 држави поради увоз од принудна работа
Трамп ќе замрзнува ирански средства за надомест на штетите во Ормутскиот Теснец
Кина и АСЕАН повикаа на итен прекин на непријателствата на Блискиот Исток